врз лостот за наведување којшто
се користи при носење, транспорт
и преместување на машината.
K. Батерија: уред што обезбедува
енергија за ел. палење на моторот.
Одликите на батеријата се
опишани во засебно упатство.
L. Полнач за батеријата (дополнителна
опрема по избор, пасус 16.2): уред што
се користи за полнење на батеријата.
M. Клучеви за затегнување: алат
којшто се користи за вртење
на шрафовите, навртките за да
ги затегне или разлабави.
4. МОНТИРАЊЕ
Безбедносните одредби што
треба да ги следите се дадени
во погл. 2. Строго придржувајте
се до тие упатства за да избегнете
сериозни ризици или опасности.
За потребите на складирање и транспорт,
одредени компоненти на машината
веројатно не се монтирани во фабриката,
туку треба да се монтираат по вадење на
амбалажата следејќи ги следните упатства.
Распакувањето и целата монтажа
треба да се извршат на цврста и
рамна површина со доволно простор
за поместување на машината и на
амбалажата користејќи секогаш
соодветни алати. Не користете
ја машината пред да завршите
со сите постапки наведени во
поглавјето "МОНТИРАЊЕ".
4.1 ДЕЛОВИ ЗА МОНТИРАЊЕ
Пакувањето ги содржи
деловите за монтажа.
4.1.1
Распакување
1. Отворете го пакувањето внимателно
за да не ги расфрлите деловите.
2. Прочитајте ја документацијата во
кутијата каде се наведени овие упатства.
3. Извадете ги од кутијата сите
делови што не се монтирани.
4. Извадете ја машината од кутијата.
5. Фрлете ги кутијата и амбалажата
согласно локалните одредби.
4.2 МОНТИРАЊЕ НА ЛОСТОТ
ЗА НАВЕДУВАЊЕ И НА
СИНЏИРОТ СО ЗАПЦИ
Секогаш носете масивни ракавици
за работа кога ракувате со лостот и
со синџирот. Обрнете максимално
внимание при составување на лостот
и синџирот за да не се нарушат
безбедноста и ефикасноста на
машината; во случај на несигурност,
контактирајте со дистрибутерот.
Извршувајте ги сите операции
откако ќе ја извадите батеријата.
1. Со помош на доставениот клуч,
извадете ги навртките (сл. 3.A) и
извадете го картерот на синџирот
(сл. 3.B), за да дојдете до клинот за
преносот и до лежиштето за лостот.
2. Поставете го лостот (сл. 4.A)
ставајќи ги клиновите (сл. 4.B) на
нивното место (сл. 4.C) и свртете
кон задниот дел на машината.
3. Поставете го синџирот околу запците
за влечење (сл. 5.A) и долж лостот за
наведување, внимавајќи при тоа на
правецот на монтирање (сл. 5.B).
Ако крајот на лостот е опремен со
запци за одложување, внимавајте
почетокот на влечењето за
синџирот да се вметне правилно во
празнините на запците. (сл. 6.A).
4. Проверете дали клинот за држење на
клинот (сл. 5.C) е правилно ставен на
свое место во отворот на лостот. Ако
не е така, тогаш вртете го шрафот за
задршка на синџирот со шрафцигер (сл.
5.D) додека клинот не се постави докрај.
5. Поставете го повторно преносникот без
да ги затегнете на навртките докрај.
6. Или вртете го шрафот за задршка на
синџирот (сл. 5.D) додека не постигнете
правилна затегнатост на синџирот (сл. 7).
7. Држејќи го лостот подигнат, зашрафете
ги шрафовите на картерот докрај со
помош на приложениот клуч (сл. 8.A).
4.2.1 Контрола на затегнатоста
на синџирот
Проверете ја затегнатоста на синџирот.
Затегнатоста е правилна кога,
држејќи го синџирот на средината
MK - 7
Правец на
монтирање на
синџирот