Bosch 0 607 561 116 Manual Original página 177

Ocultar thumbs Ver también para 0 607 561 116:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 30
OBJ_BUCH-2096-002.book Page 177 Friday, December 9, 2016 1:49 PM
Приклучок за напојување со воздух на пневматскиот
алат (види слика B)
– Зашрафете спојница за црево 8 на држачите за
приклучокот на доводот за воздух 7.
За да избегнете оштетувања на внатрешните делови од
вентилот на пневматскиот алат, при зашрафувањето и
отшрафувањето на спојницата за црево 8 треба да
притиснете на држачите за приклучокот за довод на
воздух 7 со вилушкаст клуч (ширина на клучот 22 мм).
– Олабавете ги држачите за 14 цревото за довод на
воздух 15, и зацврстете го цревото за довод на воздух
на спојницата за црево 8, при што ќе го зацврстите
држачот за црево.
Напомена: Секогаш најпрво зацврстете го цревото за
довод на воздух на пневматскиот алат, а потоа на
единицата за одржување.
Воздуховод
Со воздуховодот може да го одведувате издувниот воздух
низ едно црево за одвод на воздух надвор од вашето
работно место и истовремено да постигнете оптимално
придушување на звукот. Со тоа ќе ги подобрите работните
услови, бидејќи вашето работно место повеќе нема да
биде извалкано со воздух кој содржи масло или прав одн.
струготини.
Децентрализиран воздуховод (0 607 561 116)
(види слика C)
– Одвртете го придушувачот на излезот за воздух 9, и
заменете го со спојница за црево 8.
– Олабавете го држачот за 14 цревото за одвод на воздух
16, и зацврстете го цревото за одвод на воздух на
спојницата за црево 8, при што ќе го зацврстите
држачот за црево.
Централен воздуховод (0 607 561 118) (види слика D)
– Вметнете го цревото за одвод на воздух (централно)
17, кој го одведува издувниот воздух од вашето
работно место, над цревото за довод на воздух 15.
Потоа приклучете го пневматскиот алат на
напојувањето со воздух (види „Приклучок на
напојувањето со воздух", страна 176) и навлечете го
цревото за одвод на воздух (централно) 17 преку
цревото за довод на воздух на крајот од уредот.
Употреба
Видови употреба
Поставување на осцилациите (види слика E)
Осцилациите може да се постават во четири степени и
овозможуваат оптимално прилагодување на брзината,
капацитетот и сликата на сечење на материјалот што се
обработува.
Со лостот за подесување 11 може да ги подесите
осцилациите и за време на работењето.
Степен 0
без осцилации
Степен I
мали осцилации
Степен II
средни осцилации
Bosch Power Tools
Степен III
големи осцилации
Оптималниот степен на осцилации за односната употреба
може да се одреди со практичен обид. Притоа се
применуваат следниве препораки:
– Колку помал степен на осцилации изберете одн.
доколку сосема ги исклучите осцилациите, толку
пофини и почисти ќе бидат исечените рабови.
– При обработка на тенки материјали (напр. плех)
исклучете ги осцилациите.
– Цврстите материјали (напр. челик) обработувајте ги со
мали осцилации.
– За меки материјали и при сечење на дрво во правец на
влакната, може да работите со максимални осцилации.
Подесување на закосениот агол (види слика F)
Основната плоча 12 може да се подеси за закосени
резови до 45° надесно или налево.
– Олабавете го шрафот 20 со внатрешен шестаголен
клуч 10 и вметнете ја лесно основната плоча до крај 12
во правец на листот за пилата 1.
– За подесување на прецизен агол на косо сечење,
основната плоча од десната и левата страна има точки
за вклопување на 0° и 45°. Навалете ја основната плоча
12 согласно скалата 19 во саканата позиција. Другите
агли на косо сечење може да се подесат со помош на
агломер.
– Потоа притиснете ја основната плоча 12 до крај во
правец на моторот.
– Повторно зацврстете го шрафот 20.
Заштитата при кинење 27 не може да се примени за
сечење со закосување.
Поместување на основната плоча (види слика G)
Доколку сечете во близина на рабовите може да ја
поместите основната плоча 12 наназад.
– Целосно одвртете го шрафот 20 со внатрешен
шестаголен клуч 10.
– Подигнете ја основната плоча 12 и поместете ја, така
што шрафот 20 ќе може да се заврти во задниот отвор
со навој 22.
– Притиснете ја основната плоча 12 додека не се вклопи
во правец на запците за позиционирање 18. Цврсто
затегнете го шрафот 20.
Сечењето со поместена основна плоча 12 возможно е
само со агол на косо сечење од 0°. Освен тоа, не смеат да
се користат и паралелниот граничник со кружен секач 23
(опрема) и заштитата од кинење 27.
Поместување на водечката дршка (види слика H)
– За полесно сечење, особено на тесни места, вртливата
дршка 5 може да се демонтира. За тоа, притиснете го
портокаловото копче на притискање над точката на
вклопување нанадвор и навнатре и истовремено
извлечете ја вртливата дршка нагоре.
– Пред монтирањето на вртливата дршка 5 притиснете го
портокаловото копче на притискање нагоре за да се
врати во првичната позиција. Поставете ја вртливата
дршка 5 и притиснете ја надолу, додека не се вклопи.
1 609 92A 37W | (9.12.16)
Македонски | 177

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

0 607 561 118

Tabla de contenido