Descargar Imprimir esta página

Wilo Flumen OPTI-TR 20-1 Instrucciones De Instalación Y Funcionamiento página 708

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 1092
mk
7.4
Работа во експлозивна
атмосфера
7.5
Пред вклучување
7.6
Вклучување и исклучување
708
Пуштање во работа
Одобрение
според
o
ATEX
o
FM
CSA-Ex
Легенда
− = нема на располагање/можно е, o = изборно, • = во стандардна изведба
За да се употребува во експлозивни атмосфери, натписната плочка на погонот за
мешање, мора да биде означена со:
▪ Симболот „Ex" за соодветното одобрение
▪ Класификација за експлозија
Земете ги предвид и внимавајте на соодветните побарувања што се дадени во
поглавјето за заштита од експлозии во упатството за вградување и работа!
ATEX-одобрение
Погонот за мешање е наменет за работа во подрачје во кое постои опасност од
експлозија:
▪ Група на уреди: II
▪ Категорија: 2, зона 1 и зона 2
Погонот за мешање не смее да се применува во зоната 0!
FM дозвола
Погонот за мешање е наменет за работа во подрачје во кое постои опасност од
експлозија:
▪ Вид на заштита: Explosionproof
▪ Категорија: Class I, Division 1
Известување: Ако жиците водат кон Division 1, инсталацијата е во Class I, аDivision
2 е исто така дозволена.
Проверете ги следниве точки пред вклучување:
▪ Проверете дали инсталацијата е правилна и дали е согласно локалните прописи
на сила:
– Дали погонот за мешање е заземјен?
– Дали кабелот за поврзување е проверен?
– Дали електричното поврзување е прописно изведено?
– Дали механичките составни елементи се правилно прицврстени?
▪ Проверете ги работните услови:
– Дали е проверена мин./макс. температура на медиум?
– Дали е проверена макс. длабочина на потопување?
– Наизменична работа: Дали постои придржување до макс. зачестеност на
вклучување?
▪ Проверете го местото на поставување/просторијата на работа:
– Дали е дефинирано минималното ниво на вода за пропелерот?
– Мин. температура на медиумот може да падне под 3 °C: Дали е инсталирано
надгледување со автоматско исклучување?
– Дали има инсталации во директниот круг на вртење на пропелерот?
Погонот за мешање мора да се вклучува и исклучува преку одделна контролна
единица обезбедена од корисникот (прекинувач за вкл./искл, приклучна табла).
За време на процедурата на стартување, номиналната струја се пречекорува
неколку секунди. Потрошувачката на струја е малку над номиналната во
периодот додека да се постигне работната температура на моторот и додека да
се формира струење во коритото. За време на нормална работа, номиналната
струја не смее да се пречекорува. ВНИМАНИТЕЛНО! Ако не стартува погонот за
мешање, веднаш исклучете го. Прво отстранете го дефектот пред повторно да
го вклучите!
o
o
o
o
o
o
o
o
o
o
WILO SE 2019-01

Publicidad

loading