9
Сервисирање
9.1
Лична квалификација
9.2
Обврската на раководителот
9.3
Работен материјал
9.3.1
Видови масла
Упатство за вградување и работа Wilo-Flumen OPTI-TR 20-1, 28-1, 30-1, 40-1 Wilo-Flumen EXCEL-TRE 20, 30, 40
Сервисирање
5. Испуштете ги нечистотиите во каналот.
6. Оставете да се исуши погонот за мешање.
ОПАСНОСТ
Ризик од медиуми опасни по живот!
Кога погонот за мешање се употребува за медиуми опасни по здравјето,
постои ризик по животот.
• Деконтаминирајте го погонот за мешање по демонтажа и пред секоја
работа.
• Внимавајте на податоците за работните правила. Раководителот мора да
се осигури дека персоналот се придржува и ги разбира работните правила.
НАПОМЕНА
Употребувајте само технички беспрекорна опрема за подигнување!
Употребувајте само технички беспрекорна опрема за подигнување и спуштање
на погонот за мешање. Осигурете се дека погонот за мешање нема да се
заглави за време подигнувањето и спуштањето. Не пречекорувајте ја
максимално дозволената носивост на опремата за подигнување! Проверете ја
опремата за подигнување дали функционира беспрекорно!
▪ Одржувањето секогаш треба да се прави на чисто место со добра осветленост и
проветреност. Поставете го погонот за мешање на цврста подлога и осигурете го
од паѓање/излизгување. НАПОМЕНА! Не поставувајте го погонот за мешање врз
пропелерот!
▪ Треба да се врши само одржување како што е опишано во овие упатства за
вградување и работа.
▪ Носете ја следната заштитна опрема додека вршите одржување:
– Заштитни очила
– Заштитни чевли
– Заштитни ракавици
▪ Работа со електриката: На електриката мора да работи само стручен електричар.
▪ Одржување: Стручното лице мора да е запознаено со работните материјали и
како да ги фрли во отпад. Освен тоа, стручното лице мора да има основни
познавања од дизајнот на машината.
▪ Обезбедете и уверете се дека секој има заштитна опрема на располагање којашто
треба да ја носи персоналот.
▪ Соберете го работниот материјал во соодветен сад и фрлете го прописно.
▪ Прописно фрлете ја употребената заштитна облека.
▪ Користете само оригинални делови од производителот. Ако употребите други
неоригинални делови, производителот нема да преземе одговорност за
производот.
▪ Веднаш отстранете го протечениот медиум што се транспортира и работните
материјали и фрлете го согласно важечките локални прописи.
▪ Ставете ги на располагање потребните алати.
▪ Доколку користите лесно запаливи раствори и средства за чистење, забрането е
да има отворен пламен или да пушите.
Заптивната комора е фабрички нагодена така што е наполнета со медицинско
бело масло. При замена на маслото, се препорачуваат следните видови масло:
▪ Aral Autin PL*
▪ Shell ONDINA 919
▪ Esso MARCOL 52* или 82*
▪ BP WHITEMORE WOM 14*
▪ Texaco Pharmaceutical 30* или 40*
mk
713