Schein Post-Op-Scuhe Manual De Instrucciones página 49

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 40
мора да се избегне.
• Чевлите што се затворени премногу лабаво можат
да доведат до паѓање или до притисок поради
лизгање на стапалото.
• Треба секојдневно да ги испитувате стапалата за
црвенило и знаци за притисок.
• Поради мекиот горен материјал, чевелот дава
помалку отпор против сили на кинење отколку
цврсти кожни чевли, така што е можно виткање на
глуждот на нерамни површини.
• Завојот може да доведе до погрешно утврдување
на димензиите; во најлош случај, тоа може да
предизвика појава на точки на притисок.
• Со неправилно носење може да се нанесе
притисок на местото што треба да се поштеди.
Важна напомена:
Ако имате проблеми со стапалата или со
чевлите, обратете му се веднаш на вашиот
лекар или давател на услуги.
5. Контраиндикации:
• Ако имате алергии на употребените материјали,
ве молиме консултирајте се со вашиот лекар пред
употреба.
• Користете ги обувките само ако може да се
дозволи делумно оптоварување.
• Стандардните постоперативни чевли не се
соодветни при значителни деформитети на
стапалата.
6. Информации за материјалот:
• Материјал на горниот дел: нолен со полиуретан
/ текстил
• Постава: Велур
• Влошка: етилен винил ацетат (мултиформ)
• Ѓон: етилен винил ацетат
Материјалите за поставата и влошката се исти за сите
модели.
7. Упатства за чистење и грижа:
Пред првото носење
• Велкро-лепенките се многу долги, за да можат
индивидуално да се приспособат за секој пациент
и да се скратат. Затоа, ве молиме, оставете
квалификуван персонал да ги скрати Велкро-
лепенките.
Чистење
• Ако се валкани, постоперативните чевли можат да
се перат во машина на 30°C на нежен циклус. Потоа
оставете ги чевлите да се исушат природно.
Дезинфекција
• По потреба можете да ја исчистите поставата со
влажна крпа.
• За чистење на поставата препорачуваме
користење на средство за дезинфекција што може
да се користи на отворени рани. Советувајте се со
вашиот лекар или фармацевт.
Сушење
• Никогаш не ставајте влажни чевли да се сушат во
близина на директен извор на топлина.
• Ве молиме избегнувајте користење на грејни тела и
директна сончева светлина за сушење на чевлите.
• Дајте му време на чевелот да се исуши. Тоа може
да трае до два дена, во зависност од навлезената
вода.
Чување
• Чувајте ги обувките суви и на собна температура.
8. Исфрлање
• Исфрлете го производот и пакувањето во
согласност со законските прописи.
9. Општи напомени / одржување
• Постоперативните чевли се медицински производ.
Вашиот лекар ќе утврди колку долго треба да ги
носите, на што мора да се придржувате.
• Препорачуваме да не ги носите чевлите за
намалување на оптоварувањето подолго од 3
месеци, а чевлите за употреба со завој подолго од
6 месеци.
• Редовно проверувајте го чевелот од аспект на
функционалност, абење или оштетување на
лепенките, ѓонот, итн.
• Во случај на губење на функцијата, абење или
оштетување, повеќе не треба да ги носите чевлите
и треба да се консултирате со вашиот лекар или
ортопедски техничар. Потребно е да се замени
чевелот со нов.
• Исто така препорачуваме редовна контрола на
стапалото и на раната во согласност со наодите.
10. Упатства за подготовка за употреба (за
квалификуван персонал):
• Отстранете го полнењето од чевелот (на пример,
хартија) и обујте му го чевелот на лицето.
• Скратете ги Велкро-лентите до соодветната
индивидуална должина за вашиот клиент.
• Вметнете ја приложената влошка правилно во
чевелот.
• Во случај на индивидуални промени на
производот, упатуваме на тоа дека помагалото
мора да биде трајно обележано со ознака „посебна
изведба".
11. Гаранција
• Одобруваме законска гаранција при правилно
користење на производот.
Ве молиме, известете го претпријатието schein orthopä-
die service KG во случај на абнормалности, проблеми или
недостатоци на обувките.
Ви посакуваме добро закрепнување.
49

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido