Hitachi 65HL9000G Manual De Instrucciones página 272

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 554
• DiSEqC-прекинувач: Ак о имате повеќе
сателитски чинии и DiSEqC-прекинувач,
изберете го овој вид антена. Притиснете ОК за
да продолжите. Можете да поставите четири
DiSEqC-опции (ако се достапни) на следниот
екран. Притиснете го копчето ОК за да го
скенирате првиот сателит на списокот.
Аналогно: Ако е вклучена опцијата за пребарување
аналогно емитување, ТВ-уредот ќе пребарува
аналогни емитувања откако ќе се направат
иницијалните поставки.
Дополнително, можете да поставите еден вид
емитување како свој омилен. Приоритет ќе има
избраниот вид емитување во текот на процесот
на пребарување и каналите ќе бидат наведени на
врвот на списокот канали. Кога ќе заврши тоа,
притиснете ОК за да продолжите.
Можете да активирате режими за продавница
во оваа фаза. Оваа опција ќе ги конфигурира
поставките за во продавница и во зависност од
користениот модел на ТВ-уред, поддржаните
одлики на телевизорот ќе бидат прикажани на
врвот на екранот во вид на информациска лента.
Оваа опција е наменета само за користење за во
продавница. Се препорачува да изберете режим
за дома за користење дома. Опцијата ќе биде
достапна во менито Систем>Подесувања>Повеќе
и може да се исклучи/вклучи подоцна.
Притиснете го копчето OK на далечинскиот
управувач за да продолжите и ќе се прикаже менито
Мрежни/интернет поставки, ако ја потврдите
претходно прикажаната порака која прашува дали
сакате да ги направите мрежните поставки. Ве
молиме прочитајте го делот Поврзување за да
конфигурирате безжична или врска преку кабел.
По поставувањето на поставките, притиснете го
копчето OK за понатаму. За да го прескокнете
следниот чекор без да правите ништо, изберете
Не и притиснете го копчето OK кога ќе се прикаже
пораката која прашува дали сакате да ги наместите
мрежните поставки.
По завршувањето на иницијалните поставки,
ТV-уредот ќе почне да ги бара активираните
емитувања за избраните видови емитување.
По зачувувањето на сите активни станици, ќе се
прикажат резултатите од скенирањето. Притиснете
ОК за да продолжите. Следно ќе биде прикажано
менито за Преуредување на списокот канали.
Можете да го преуредувате списокот канали
според вашите претпочитувања или притиснете
го копчето Menu за да прекинете и да гледате
телевизија.
Додека трае потрагата, може да се појави порака
која прашува дали сакате да ги распоредите
каналите според ЛКБ (*). Изберете да и притиснете
ОК за да потврдите.
(*) ЛКБ е систем на логични броеви на канали
што ги организира достапните емитувања во
согласност со препознатлива секвенца броеви
на канали (ако се достапни).
Забелешка: Не исклучувајте го телевизорот при
иницијализацијата на првичната инсталација.
Забележете дека може да не се достапни
истите опции во зависност од изборот на
земјата.
Користење на опцијата SatcoDX (во
зависност од моделот)
Можете да работите со SatcoDX со менито
Поставки за инсталација/сателит. Во менито
SatcoDX, има две опции што се однесуваат на
SatcoDx.
Можете да преземате или да поставувате податоци
SatcoDX. За да ги изведе овие функции, мора да
се поврзе УСБ-уред со ТВ-уредот.
Можете да поставите тековни услуги и соодветни
сателити и транспондери во ТВ-уредот на УСБ-
уред.
Дополнително, можете да преземете една од
датотеките SatcoDx зачувани на УСБ-уред на
ТВ-уредот.
Кога ќе изберете една од овие датотеки, сите
услуги и поврзани сателити и транспондери во
избраната датотека ќе бидат зачувани во ТВ-
уредот. Ако има некакви инсталирани земни,
кабелски и/или аналогни услуги, ќе бидат зачувани
и ќе бидат отстранети само сателитските услуги.
Потоа, проверете ги поставките на антената и
направете измени, ако има потреба. Може да се
појави порака за јавување грешка „Нема сигнал"
ако поставките на антената не се конфигурирани
правилно.
Media Playback via USB Input (depending on
the model)
Можете да поврзете 2,5" и 3,5" инчни надворешни
тврди дискови (со надворешно напојување) или
УСБ стапчиња на ТВ преку УСБ влезовите.
IMPORTANT! Направете резервна копија на
датотеките на уредите за чување пред да ги
поврзете на телевизорот. Производителот нема
да биде одговорен за какво било оштетување
на датотеките или загуба на податоци. Можно
е одредени видови на USB-уреди (на пр. MP3-
плеери) да не се компатибилни со овој ТВ-уред.
Телевизорот поддржува FAT32 и NTFS формати
на дискот, но снимањето нема да биде можно со
дискови форматирани во NTFS.
Може да настанат одредени проблеми при
форматирањето на УСБ тврди дискови поголеми
од 1 ТВ (терабајт).
Македонски - 14 -

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido