За Косење (06); Кокпитот; Работа - AL-KO solo 127597 Manual Del Usuario

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 80
Работа
ВНИМАНИЕ! Опасност од оштетување на
акумулаторските батерии. Ако
акумулаторските батерии се остават во
уредот по користење, може да се оштетат.
Непосредно по употреба извадете ги
акумулаторските батерии од уредот и
складирајте ги заштитено од мраз.
Ставете ги акумулаторските батерии во
уредот дури непосредно пред
започнувањето со работа.
Ставање на акумулаторската батерија
1. Отворете го (05/a) капакот на делот за
батерии (05/1).
2. Вметнете ја акумулаторската батерија од
горе во отворот за батеријата (05/2) сè
додека не се вклешти.
3. Затворете го капакот на делот за батерии.
Вадење на акумулаторската батерија
1. Притиснете го копчето за отклучување на
акумулаторската батерија и држете го
притиснато.
2. Извадете ја акумулаторската батерија.
6.3
Вклучување и исклучување на
струјното напојување на алатката за
косење (06)
Со прекинувачот со клуч го вклучувате и
исклучувате струјното напојување на моторот
на алатката за косење. Прекинувачот со клуч
се ракува со сигурносниот клуч.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од
повреда. Ненамерното вклучување може да
доведе до тешки повреди.
Секогаш пред работни паузи и
одржувања: За исклучување на
напојувањето со струја завртете го
сигурносниот клуч во позиција за
исклучување (Off) а потоа извлечете го.
Вклучување на напојувањето со струја
1. Отворете го капакот на делот за батерии.
2. Вметнете (06/a) го сигурносниот клуч
(06/1) во прекинувачот со клуч.
3. Завртете (06/b) го сигурносниот клуч во
позиција за вклучување (On) (поз. I). Со
тоа се напојува моторот на алатката за
косење со работен напон но сепак сè уште
не почнува да работи.
4. Затворете го капакот на делот за батерии.
495504_a
5. Вклучете ја алатката за косење: види
Поглавје 7.6 "Стартување и стопирање
на алатката за косење (14)", страна 479.
Исклучување на напојувањето со струја
1. Завртете го (06/c) сигурносниот клуч во
позиција за исклучување (Off) (поз. 0) и
извлечете го (06/d).
2. Непосредно по употреба извадете ги
акумулаторските батерии од уредот,
наполнете ги и складирајте ги заштитено
од мраз. Ставете ги акумулаторските
батерии во уредот дури непосредно пред
следното користење.
6.4
Вклучување и исклучување на
кокпитот*
* во зависност од моделот, погледнете го
упатството за монтажа.
Предуслов: Ставена е најмалку 1
акумулаторска батерија.
НАПОМЕНА Сигурносниот клуч за
струјното напојување на кокпитот и на погонот
на тркалата не мора да се врти во позиција за
вклучување (On) (поз. I).
За вклучување на кокпитот ги имате следните
можности:
Притиснете го копчето за вклучување/
исклучување (04/1) на кокпитот.
Притиснете го кратко Смарт копчето
(03/1).
Кокпитот се вклучува автоматски при
стартувањето на моторот на алатката за
косење (види Поглавје 7.6 "Стартување
и стопирање на алатката за косење
(14)", страна 479).
7 РАБОТА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од
повреда! Неисправни или исклучени
безбедносни и заштитни направи може да
доведат до тешки повреди.
Пред вклучувањето проверете дали ги
има сите безбедносни и заштитни направи
и дали функционираат!
MK
477

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido