Контрола На Точноста На Мерниот Уред - Bosch GRL 250 HV Professional Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para GRL 250 HV Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 35
на часовникот, притиснете го копчето за вртење во
правец спротивен на стрелките на часовникот (24) на
далечинскиот управувач. Во ротационен режим,
притискањето на копчето нема дејство.
 Вртење на ротационото ниво во вертикална
положба (види слика B)
Во вертикална положба на мерниот уред, може да ги
вртите ласерската точка, ласерската линија или
ротационото ниво за едноставно доведување во права
линија или паралелно израмнување во опсег од ±8 %
околу вертикалната оска.
За вртење во правец на стрелките на часовникот
притиснете го копчето за вртење во правец на стрелките
на часовникот (23) на далечинскиот управувач.
За вртење во правец спротивен на стрелките на
часовникот притиснете го копчето за вртење во правец
спротивен на стрелките на часовникот (24) на
далечинскиот управувач.
Автоматика за нивелирање
Преглед
Мерниот уред самостојно ја препознава хоризонталната
одн. вертикалната положба. За менување меѓу
хоризонтална и вертикална положба исклучете го
мерниот уред, позиционирајте го одново и повторно
вклучете го.
По вклучувањето, мерниот уред автоматски ја проверува
хоризонталната одн. вертикалната положба и ги
израмнува нерамнините во полето на самонивелирање
од околу ±8 % (±4,6°).
За време на нивелирањето, приказот за статус трепка (3)
зелено, ласерот не ротира и трепка.
Мерниот уред е изнивелиран, штом приказот за
статус (3) свети непрекинато зелено и ласерот свети
непрекинато. По завршување на нивелирањето мерниот
уред автоматски стартува во ротационен погон.
Доколку по вклучувањето или по промена на положбата,
мерниот уред стои повеќе од 8 % косо, нивелирањето не
е повеќе можно. Во овој случај, роторот ќе запре,
ласерот трепка и приказот за статус (3) свети
непрекинато црвено.
Одново позиционирајте го мерниот уред и почекајте за
нивелирање. Без одново позиционирање, по 2 min
автоматски се исклучува ласерот и по 2 h мерниот уред.
Доколку мерниот уред е изнивелиран, постојано се
проверува хоризонталната одн. вертикалната положба.
При промени во положбата, автоматски се врши
нивелирање. За избегнување на погрешни мерења, за
време на процесот на нивелирање, роторот стопира,
ласерот трепка и приказот за статус (3) трепка зелено.
 Функција за предупредување за удар
Мерниот уред има функција за предупредување за удар.
При промени на положбата одн. потреси на мерниот уред
или при вибрации на подлогата го спречува
Bosch Power Tools
нивелирањето во променета позиција и со тоа и грешките
поради поместување на уредот.
Вклучување/активирање на предупредувањето за
удар: притиснете го копчето предупредување за
удар (2). Приказот за предупредување за удар (1) свети
постојано зелено. Предупредувањето за удар се
активира 30 s по вклучувањето на предупредување за
удар.
Активирање на предупредување за удар: Доколку при
промена на положбата на мерниот уред се пречекори
полето на точност на нивелирање или се регистрира јак
потрес, се активира предупредувањето за удар:
Ротацијата на ласерот запира, ласерскиот зрак трепка,
приказот за статус се гаси (3) и приказот за
предупредување за удар (1) трепка црвено.
Актуелниот начин на работа се зачувува.
При активирано предупредување за удар, притиснете го
копчето за предупредување за удар (2) на мерниот уред
или копчето за ресетирање на предупредувањето за
удар (22) на далечинскиот управувач. Функцијата за
предупредување за удар одново ќе се стартува и мерниот
уред започнува со нивелирање. Штом ќе се изнивелира
мерниот уред (приказот за статус (3) свети непрекинато
зелено), тој стартува во зачуваниот начин на работа.
Сега проверете ја позицијата на ласерскиот зрак на
референтна точка и коригирајте ја висината одн.
израмнувањето на мерниот уред ако е потребно.
Доколку при активирано предупредување за удар,
функцијата не стартува одново со притискање на копчето
за предупредување за удар (2), на мерниот уред или на
копчето за ресетирање на предупредувањето за
удар (22) на далечинскиот управувач, по 2 min се
исклучува ласерот и по 2 h мерниот уред.
Исклучување на функција за предупредување за
удар: притиснете го копчето за предупредување за
удар (2) еднаш, одн. при активирано предупредување за
удар (приказот за предупредување на удар (1) трепка
црвено) двапати. Кога е исклучено предупредувањето за
удар, се гаси приказот за предупредување за удар.
Напомена: со далечинскиот управувач, функцијата за
предупредување за удар не може да се вклучи или
исклучи, туку може само одново да се стартува по
активирањето.
Контрола на точноста на мерниот уред
Влијанија на точноста
Најголемо влијание врши околната температура.
Особено температурните разлики кои се движат од подот
нагоре може да го пренасочат ласерскиот зрак.
Се препорачува мерниот уред да го користите на статив
за да ги минимизирате термичките влијанија од топлината
што се крева од подот. Доколку е возможно, поставувате
го мерниот уред во средината на работната површина.
Освен надворешните влијанија, до отстапување може да
доведат и влијанијата специфични за уредот (како на пр.
падови или јаки удари). Затоа, пред секој почеток на
работа проверете ја точноста на нивелирањето.
Македонски | 219
1 609 92A 7AR | (07.02.2022)

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido