За да работите со ласерскиот приемник, прочитајте го и
внимавајте на ова упатство за употреба.
Работење со далечински управувач
Со притискање на контролните копчиња, може да се
исклучи нивелирањето на мерниот уред, така што
ротацијата запира за кратко. Со примена на далечинскиот
управувач, овој ефект се избегнува.
Сензорите (7) за далечинскиот управувач се наоѓаат на
три страни на мерниот уред, м. д. над контролното поле
на предната страна.
Работење со мерна летва (опрема) (види слика E)
За контрола на рамнини или за нанесување на косини се
препорачува користење на мерна летва (31) заедно со
ласерскиот приемник.
На мерната летва (31) горе има нанесено релативна
мерна скала. Нејзината нулта висина може да ја изберете
долу на излезот. На тој начин директно се отчитуваат
отстапувањата од зададената висина.
Ласерски заштитни очила (опрема)
Ласерските заштитни очила ја филтрираат околната
светлина. На тој начин светлото на ласерот изгледа
посветло за окото.
Не ги користете ласерските заштитни очила
u
(дополнителна опрема) како заштитни очила.
Ласерските заштитни очила служат за подобро
распознавање на ласерскиот зрак; сепак, тие не
штитат од ласерското зрачење.
Не ги користете ласерските заштитни очила
u
(дополнителна опрема) како очила за сонце или
пак во сообраќајот. Ласерските очила не даваат
целосна UV-заштита и го намалуваат препознавањето
на бои.
Примери за работа
Пренесување/контрола на висини (види слика F)
Поставете го мерниот уред во хоризонтална положба на
цврста подлога или монтирајте го на статив (32)
(опрема).
Работење со статив: израмнете го ласерскиот зрак на
саканата висина. Пренесете ја одн. проверете ја висината
на целното место.
Работење без статив: одредете ја висинската разлика
помеѓу ласерскиот зрак и висината на референтната
точка со помош на целната табла на ласерот (41).
Пренесете ја одн. проверете ја измерената висинска
разлика на целното место.
Израмнете ја паралелно точката на вертикалата
нагоре/нанесете прав агол (види слика G)
Доколку треба да се нанесе прав агол или да се израмнат
меѓуѕидовите, мора да ја израмните точката на
вертикалата нагоре (9) паралелно, т. е. на исто
растојание со референтната линија (на пр. ѕид).
За ова, поставете го мерниот уред во вертикална
положба и позиционирајте го на тој начин што точката на
Bosch Power Tools
вертикалата нагоре ќе оди скоро паралелно на
референтната линија.
За точно позиционирање измерете го растојанието меѓу
точката на вертикалата нагоре и референтната линија
директно на мерниот уред со помош на целната табла за
ласерот (41). Измерете го одново растојанието помеѓу
точката на вертикалата нагоре и референтата линија во
што е можно поголемо растојание од мерниот уред.
Насочете ја точката на вертикалата нагоре, така што ќе
има исто растојание до референтната линија, како и при
мерењето директно на мерниот уред.
Ќе се прикаже правиот агол до точката на вертикалата
нагоре (9) со варијабилниот ласерски зрак (6).
Прикажување на вертикала/вертикално ниво
(види слика H)
За прикажување на вертикала одн. вертикално ниво,
поставете го мерниот уред во вертикална положба.
Доколку вертикалното ниво треба да биде под прав агол
до референтната линија (на пр. ѕид), тогаш израмнете ја
точката на вертикалата нагоре (9) на оваа референтна
линија.
Вертикалата се прикажува преку варијабилниот ласерски
зрак (6).
Израмнување на вертикала/вертикално ниво
(види слика I)
За да ја израмните ласерската линија или ротационото
ниво на една референтна точка на ѕид, поставете го
мерниот уред во вертикална положба и израмнете ја
ласерската линија одн. ротационото ниво грубо на
референтната точка. За точно израмнување со
референтната точка, вртете го ротационото ниво околу
вертикалната оска (види „
ротационото ниво во вертикална положба
(види слика B)", Страница 219).
Работење без ласерски приемник (види слика J)
При поволни светлосни услови (темна околина) и на
кратки растојанија може да работите без ласерски
приемник. За подобра видливост на ласерскиот зрак
изберете или линиски режим, или точкаст режим и вртете
го ласерскиот зрак кон целното место.
Работење со ласерски приемник (види слика K)
При неповолни светлосни услови (осветлена околина,
директни сончеви зраци) и на големи растојанија за
подобро наоѓање на ласерскиот зрак користете го
ласерскиот приемник (30). При работа со ласерски
приемник, изберете го ротациониот режим со највисока
брзина на ротација.
Мерење на големи растојанија (види слика L)
При мерење на големи растојанија, ласерскиот
приемник (30) мора да се користи за наоѓање на
ласерскиот зрак. За да се намалат пречките, мерниот
уред треба да го поставувате секогаш во средината на
работната површина и да го поставите на статив.
Македонски | 221
Вртење на
1 609 92A 7AR | (07.02.2022)