Descargar Imprimir esta página

Објаснување На Знаците И 7 Работни Напомени; Можна Предвидлива Погрешна Косење; Одржување И Нега; Редовни Активности На Одржување - AL-KO 32.1 Li Traducción Del Manual Original De Instrucciones

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 59
Работни напомени
7 РАБОТНИ НАПОМЕНИ
Обрнете внимание на безбедносните
предупредувања!
НАПОМЕНА Почитувајте ги локалните
одредби кога може да се користи косачка за
трева.
Обратете внимание на предмети во
тревата и отстранете ги од работното
подрачје.
Косете само при добра видливост.
Косете само со остар нож за сечење.
Управувајте го уредот само преку
водечката осовина.
Движете го уредот само со брзина на
чекорење.
Движете го уредот секогаш попречно по
косината. Да не ја користите косачката за
трева угоре или удолу по косината и на
косини со повеќе од 10° закосување.
Бидете особено внимателни при промена
на насоката на работа.
Капацитет на косење односно
времетраење на користење на
акумулаторската батерија
Капацитетот на косење, односно
површината што може да се искоси,
зависи од карактеристиките на тревата.
Факторите како на пример должината на
тревата, густината на тревата, избраната
висина на косење и влажната трева
влијаат врз капацитетот на косење.
Оптимално работно време се постигнува
со често косење и кратко одржувана
трева.
Честото вклучување и исклучување на
косачката за трева за време на процесот
на косење исто така го намалува
капацитетот на косење како и нецелосно
наполнета батерија.
Вклучувањето на погонот на тркала го
намалува капацитетот на косење односно
времетраењето на користење на
акумулаторската батерија.
За оптимизација на капацитетот на косење
се препорачува често косење на тревата,
поставување на повисока висина на
сечење и движење на уредот со брзина на
чекорење.
443121_a
НАПОМЕНА За да се продолжи времето
на користење може да се купи дополнителна
акумулаторска батерија.
Совети за косење
Рамномерна висина на косење 3–5 cm, да
не се откосува повеќе од половината на
висината на тревата.
Не ја преоптоварувајте косачката за
трева! Ако значително опадне бројот на
вртежи на моторот поради долга, тешка
трева, зголемете ја висината на косење и
косете повеќе пати.
Ветерот и сонцето може да ја исушат
тревата по косењето па затоа косете
доцна попладне.
8 ОДРЖУВАЊЕ И НЕГА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од
исеченици. Опасност од исеченици при
фаќање на остри и самодвижечки делови од
уредот како и во алатките за сечење.
Пред одржување, нега и чистење секогаш
исклучете го уредот. Извадете ја
акумулаторската батерија.
При работи на одржување, нега и чистење
носете секогаш заштитни ракавици.
8.1
Редовни активности на одржување
Погрижете се сите навртки, завртки и
болцни да бидат цврсто затегнати и
уредот да биде во добра работна
состојба.
Редовно проверувајте ја корпата за
собирање на трева за функционалност и
истрошеност.
8.2
Чистење на уредот и алатката за
косење
ВНИМАНИЕ! Опасност од вода. Водата во
уредот доведува до кратки споеви и
уништување на електричните компоненти.
Не го прскајте уредот со вода.
За чистење користете исклучиво метличка
или четка.
1. Запрете го моторот ().
2. Извадете ја акумулаторската батерија.
3. Откачете ја корпата за собирање трева.
4. Превртете го уредот на страна и
исчистете ја алатката за косење со
метличка или четка.
333

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

38.1 li