Македонски
834
2
1
Започнете ја вашата прва програма за чистење преку
апликацијата
-
Прикачете го држачот на крпата за бришење на долниот дел од
резервоарот за вода.
-
Прикачете ја крпата за бришење што може да се мие на нејзиниот
држач.
ВАЖНО: Држачот на крпата за бришење може да се отстрани. Но, кога
го користите роботот со држач на крпата за бришење, крпата за
бришење што може да се мие мора секогаш да се прикачува на
нејзиниот држач, дури и ако го користите роботот без бришење. Тоа е за
да се спречи оштетување на подот и на држачот на крпата за бришење
при користењето.
-
Отстранете ги сите кабли, жици, гајтани и мали предмети како што се
чевли и играчки од подот за да спречите роботот да се заплетка во нив.
-
Отворете ги сите врати во домот.
-
Однапред навлажнете ја крпата за бришење за оптимални резултати.
Започнување
1 Отворете ја апликацијата.
2 Изберете ја програмата за чистење: Редовно чистење или приспособено
чистење.
3 Притиснете ја иконата „start" (старт).
Забелешка: Ако нивото на батеријата е премногу мало, чистењето не
може да започне. Почекајте додека роботот да биде доволно наполнет
пред да почнете со чистење.
Сопирање
1 Притиснете на иконата Pause (Пауза) во апликацијата. Роботот сопира.
2 Повторно притиснете на иконата Start (Старт). Роботот продолжува.