8. Како да го поврзам мојот насочувач со HUAWEI CPE за
да ја проширам мрежата Wi-Fi?
Може да го поврзете насочувачот на некој од следниве
начини:
• Жичано поврзување
Ставете го насочувачот во просторија со слаба јачина на
сигналот или во која воопшто нема сигнал, па поврзете ја
портата WAN од насочувачот во портата LAN на HUAWEI
CPE со користење кабел за етернет.
• Безжично поврзување (со користење на копчето H)
Чекор 1: ставете го насочувачот во опсег од еден метар од
HUAWEI CPE и поврзете го напојувањето.
Чекор 2: кога показателот на HUAWEI CPE ќе почне да
трепка, притиснете го копчето H на него. Почекајте додека
показателот на насочувачот не покаже дека насочувачот е
поврзан на мрежата.
Чекор 3: ставете го насочувачот во просторија со слаба
јачина на сигналот и поврзете го напојувањето.
• Сликата е само за информација.
• Уверете се дека HUAWEI CPE е поврзан на интернет
и дека насочувачот е нов или е вратен на фабричките
поставки.
• Уверете се дека HUAWEI CPE ги поддржува функцијата
HUAWEI HiLink и протоколот CoAP. За подетални
информации, консултирајте се со дистрибутерот.
• Уверете се дека растојанието помеѓу вашиот насочувач и
HUAWEI CPE е помало од 10 метри и дека нема повеќе
од еден ѕид помеѓу нив.
во опсег од еден
метар
343