Descargar Imprimir esta página

GGP ITALY MP 24 Li Manual De Instrucciones página 274

Podadora alimentada por batería

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 145
заштитна облека ги намалува повредите
на телото што се предизвикани од
иверките што се разлетуваат при
случаен контакт со назабената пила.
• Не користете ја пилата со синџир
качени на дрво. Работа со пилата со
синџир додека сте качени на дрво може
да предизвика телесни повреди.
• Одржувајте секогаш правилна точка
на потпора на нозете и вклучувајте ја
пилата со синџир само ако стоите на
стабилна, сигурна и рамна површина.
Лизгавите или нестабилни површини, како
што се скалите, може да предизвикаат
губење на рамнотежата или губење
контрола врз пилата со синџир.
• Кога се сече гранка што се наоѓа под
нивото, треба да се обрне внимание
на ризикот од контраудар. Кога
отпорот на структурата на дрвото ќе се
разлабави, гранката што се сече може
да го повреди операторот и / или да се
изгуби контролата врз пилата со синџир.
• Користете ја со исклучително
внимание кога се сечат грмушки и
млади честаци. Меките материјали може
да се заглават во назабениот синџир и
да се исфрлат во ваш правец и / или да
предизвикаат губење на рамнотежата.
• Транспортирајте ја пилата со синџир
за предната рачка кога е исклучена,
држејќи ја подалеку од телото. Кога
се транспортира или се одложува,
пилата треба секогаш да се става
со заштита за лостот за водење.
Правилно ракување со пилата со синџир
ја намалува можноста за случаен контакт
со назабениот синџир во движење.
• Придржувајте се до соодветните
упатства за подмачкување, за
затегнување на синџирот и за
резервните делови. Синџир чие
затегнување и подмачкување не
се правилни може да се скине што
придонесува до ризик од контраудар.
• Одржувајте ги рачките суви, чисти
и без траги од масло или масти.
Замастените или мрсни рачки се лизгави
и предизвикуваат губење на контролата.
• Сечете единствено дрво. Не користете
ја пилата со синџир за употреби
што не се предвидени. Не користете
ја пилата за сечење пластични
материјали, материјали за градба
или материјали што не направени
од дрво. Користењето на синџирот
за други работи што не се предвидени
може да доведе до опасни ситуации.
2.3 ПРИЧИНИ ЗА КОНТРАУДАР И
ЗАШТИТА ЗА ОПЕРАТОРОТ
Може да дојде до контраудар кога крајната
точка на лостот за водење ќе удри во предмет
или кога дрвото има кора што го спречува
назабениот синџир во процесот на сечење.
Контакт со крајните делови може во дадени
случаи да предизвика ненадејна повратна
реакција вртејќи го лостот за наведување
нагоре или наназад кон операторот.
Затегнувањето на назабениот синџир за
горниот дел на лостот за наведување може
да предизвика нагло движење наназад на
назабениот синџир насочен кон операторот.
Која било од овие реакции може да
предизвика губење контрола врз
пилата со што се предизвикуваат тешки
повреди по лицата. Нема потреба
да се употребуваат само уредите за
безбедност што се содржани во пилата.
Операторот на пилата со синџир, може да
преземе различни мерки за елиминирање
на ризични ситуации или телесни повреди во
текот на сечењето. Контраударот е резултат
на неправилна употреба на машината и / или
постапка или услови на работа што не се
правилни и може да се избегнат со следење
на соодветните, посочени мерки за заштита:
• Држете ја пилата цврсто со двете раце,
со палците и прстите околу рачките на
пилата со синџир и ставајќи го телото и
рацете во позиција која ви дозволува да
ги издржите ударите на противударот.
Силата на противударот може да ги
контролира операторот ако посочи
исклучително внимание на ситуацијата.
Не оставајте ја пилата со синџир.
• Не држете ги рацете многу далеку и не
сечете над висината на рамениците.
Така се избегнуваат неконтролирани
контакти со екстремитетите и се
овозможува најдобра контрола врз
пилата во предвидените ситуации.
• Користете ги водилките на лостот
и синџирот само за работи што ги
посочил производителот. Резервните
делови за лостот и за синџирот што не
се соодветни може да предизвикаат
расипување на синџирот и / или контраудар.
• Придржувајте се до упатствата на
производителот во однос на острењето
и одржувањето на пилата со синџирот.
MK - 4

Publicidad

loading