Descargar Imprimir esta página

GGP ITALY MP 24 Li Manual De Instrucciones página 282

Podadora alimentada por batería

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 145
за блокирање на забрзувачот за
да избегнете случајно палење.
6.6 ПО РАБОТАТА
1. Извадете ја батеријата од лежиштето и
проверете го полнењето (пасус 7.2.2).
2. Ставете ја заштитата за лостот.
3. Оставете моторот да се излади пред да се
остави машината во која било просторија.
4. Разлабавете го регулаторот за
фиксирање на лостот за да се
намали затегнатоста на синџирот.
5. Убаво исчистете ја машината од
прашина и нечистотии и отстранете ги
сите остатоци од сечењето и талозите
од маслото од синџирот (пасус 7.4).
6. Проверете дали деловите се разлабавени
или оштетени. Ако е потребно, заменете
ги оштетените делови и затегнете ги
разлабавените шрафови и навртки.
ВАЖНО Секогаш вадете ја батеријата
(пасус 7.2.2) и ставете ја заштитата за
сечивото секојпат кога ја оставате машината
без надзор или нема да работите.
7. РЕДОВНО ОДРЖУВАЊЕ
7.1 ОПШТО
Безбедносните одредби што
треба да ги следите се дадени во
поглавје 2. Строго придржувајте
се до тие упатства за да избегнете
сериозни ризици или опасности.
Пред да извршите каква
било контрола, исчистете или
интервенирајте кај одржувањето/
регулацијата на машината:
• Застанете ја машината;
• Почекајте да застане синџирот;
• Извадете ја батеријата од лежиштето;
• Ставете ја заштитата за лостот
дури и при интервенција на
самиот лост или на синџирот;
• Проверете дали моторот е
соодветно изладен;
• Прочитајте ги соодветните упатства;
• Носете соодветна облека, работни
чевли и заштитни очила;
• Зачестеноста и висот на интервенција
се дадени во „Табелата за одржување".
Табелата го прикажува опсегот што ќе ви
помогне при одржување на ефикасноста
и безбедноста на машината. Во неа
се прикажани главните интервенции
и предвидените интервали за секоја
од ставките. Извршете ја соодветната
постапка пред првата појава.
• Употребата на резервни делови и
дополнителна опрема коишто не се
оригинални и/или не се правилно
поставени, може да доведе до несакани
ефекти врз работата и безбедноста
на машината. Производителот ја
отфрла сета одговорност во случај
на штети, инциденти или повреди
предизвикани од такви производи.
• Оригиналните резервни делови се
набавуваат во сервисните центри или
кај авторизираните застапници.
ВАЖНО Сите работи за одржување
и регулација коишто несе опишани во
ова упатство треба да се извршат кај
застапникот или во овластен сервис.
7.2 АКУМУЛАТОР
7.2.1 Автономија на батеријата
Автономијата на батеријата
главно е условена со:
a. факторите на средината на работа
коишто предизвикуваат најголема
потрошувачка на батеријата:
– сечење/регулација на жбунови
чии гранки се многу големи,
b. однесувањето на операторот
кој треба да избегнува:
– често палење и гаснење во
текот на работата,
– употреба на несоодветна техника
за сечење во однос на работата што
треба да се заврши (пасус 6.4.2);
За да се зголеми автономијата на
батеријата, секогаш треба:
• сечете ја грмушката кога е сува,
• користете ја најсоодветната
техника за работа.
Во случај кога сакате да ја користите
машината за многу долга работа и
користите стандардна батерија, може:
• да набавите втора стандардна
батерија за да ја замените веднаш
потрошената батерија без да треба
да ја прекинувате работата,
MK - 12

Publicidad

loading