Descargar Imprimir esta página

GGP ITALY MP 24 Li Manual De Instrucciones página 283

Podadora alimentada por batería

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 145
7.2.2 Исклучување и полнење
на батеријата
1. Притиснете го крилцето за блокирање
на местото за батеријата (сл. 16.B) и
извадете ја од местото (сл. 16.A);
2. Ставете ја батеријата (сл. 17.А) на
своето место за полнење (сл. 17.B);
3. Поврзете го полначот на батерии
(сл. 18) во извор на ел. енергија
со соодветен напон како оној
што е посочен на етикетата.
4. Секогаш полнете докрај следејќи ги
упатствата дадени во упатството за
батеријата/полначот за батеријата.
ЗАБЕЛЕШКА Батеријата се
доставува со заштита што го прекинува
полнењето ако температурата во
средина не е меѓу 0 и +45 °C.
ЗАБЕЛЕШКА Батеријата може
да се полни во секој момент, дури и
делумно без ризик од оштетување.
7.2.3 Повторно поставување на
батеријата во машината
Кога полнењето е завршено:
1. Извадете ја батеријата (сл. 18.А)
од нејзиното место во полначот за
батеријата (избегнете да ја држите
за местото под полначот);
2. Откачете го полначот на батерии
(сл. 18.B) од струја,
3. Ставете ја батеријата (сл. 16.A) на
своето место притискајќи ја докрај
сè додека не слушнете звук на
кликнување што ја блокира на место
и обезбедува електричен контакт.
7.3 ПОЛНЕЊЕ НА РЕЗЕРВОАРОТ
СО МАСЛО ЗА СИНЏИРОТ
ЗАБЕЛЕШКА На капачето за
резервоарот за маслото за синџирот
(сл. 19.A) го има следниот симбол:
Резервоар за масло за синџирот
ВАЖНО Користете исклучиво масло
наменето за моторни пили или масло со
адитиви за моторни пили. Не користете
масло што содржи нечистотии за да не
го запушите филтерот во резервоарот и
трајно да ја оштетите пумпата за масло.
Користење масло од врвен квалитет е
важен предуслов за одржување ефикасна
подмачканост на сите делови за сечење;
користење масло со лош квалитет го
спречува подмачкувањето и го намалува
времетраењето на синџирот и на лостот.
ВАЖНО Никогаш не вклучувајте го
синџирот без доволно масло зашто така
може да се оштети уредот со поткаструвачот
и да ја загрози безбедноста.
Проверувајте ја количината масло во
уредот со поткаструвачот со помош на
индикаторот за ниво на маслото (сл. 19.B).
Ако нивото на маслото е ниско, дополнете
следејќи ги следните чекори:
1. Отшрафете и извадете го капачето
(сл. 19.A) на резервоарот за масло.
2. Ставајте масло во резервоарот и следете
го нивото преку индикаторот (сл. 19.B).
3. Во резервоарот за масло не смее да
навлезе нечистотија додека полните.
4. Ставете го капачето за
маслото и зашрафете го.
7.4 ЧИСТЕЊЕ
7.4.1 Чистење на машината и на моторот
На крајот на секоја работа,
исчистете ја машината детално од
прав и остатоци при работа.
• За намалување на ризикот од
запалување, одржувајте ги машината,
а особено моторот од остатоци од
лисја, гранки и прекумерно масло.
• Секогаш чистете ја машината по
употребата со чиста и мокра крпа
потопена во неутрален детергент.
• Отстранете ги сите траги на влага
со мека и сува крпа. Влагата остава
простор за ризик од електричен удар.
• Не користете абразивни детергенти
и растворувачи да ги исчистите
пластичните делови или рачките.
• Не полевајте вода и избегнувајте мокрење
на моторот и на електричните делови.
• За да избегнете прегревање или
оштетување на моторот и на батеријата,
секогаш проверувајте дали решетката за
воздух за ладење е чиста и без остатоци.
7.4.2 Чистење на синџирот
По секоја употреба, отстранете
ги од синџирот сите траги од
сечењето или талози од масло.
MK - 13

Publicidad

loading