Descargar Imprimir esta página

GGP ITALY MP 24 Li Manual De Instrucciones página 277

Podadora alimentada por batería

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 145
3.2 БЕЗБЕДНОСНА СИГНАЛИЗАЦИЈА
На машината има симболи (сл. 2). Нивната
задача е да го потсетуваат операторот на
постапките што треба да ги следи внимателно
и со задолжителни мерки за предострожност.
Значење на симболите:
Внимание! Прочитајте
го упатството пред да ја
користите машината.
Внимание! Оваа машина
може да биде опасна за вас
или за другите доколку не
се користи правилно.
Опасност! Не изложувајте
ја на дожд или влага.
Опасност! Секогаш носете
ракавици кога користите
пила со синџир.
Внимание! Паѓаат предмети.
Држете ги настрана лицата
коишто присутни на местото.
Опасност! Eлектричен удар.
Одржувајте растојание од
најмалку 10 м од каблите
на трансформаторите.
Опасност! Секогаш носете
заштита за главата и очите.
Опасност! Носете чевли со
заштита против лизгање.
Опасност! Носете заштита
за ушите и заштитни очила.
ВАЖНО Дадените етикети што се скинале
или не се читливи, треба да се заменат.
Побарајте нови етикети од соодветен
центар или од овластениот сервисер.
3.3 ЕТИКЕТА ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА
Етикетата за идентификација ги
содржи следните податоци (сл. 1):
1. Ниво на акустична моќност
2. Ознака за усогласеност со CE
3. Година на производство
4. Тип на машината
5. Сериски број
6. Име и адреса на производителот
7. Код на производ
8. Должина на лостот за наведување
Запишете ги податоците за
идентификација за машината на
соодветните места на дадената етикета
од внатрешната страна на капакот.
ВАЖНО Користете ги дадените
податоци за идентификација секојпат
кога контактирате со овластен центар.
ВАЖНО Примерот за изјавата за
усогласеност се наоѓа на последната
страница во упатството.
3.4 ГЛАВНИ ДЕЛОВИ
Машината се состои од следните
главни делови, коишто се наменети
за следни функции (сл. 1):
A. Мотор: обезбедува движење
на уредот со сечивото.
B. Шипка со команди: тука се наоѓаат
главните команди за забрзување.
C. Задна рачка: рачка за потпора
поставена во задниот дел на шипката
со команди. Се држи со десната рака.
D. Предна рачка: рачка за потпора
поставена на шипката со команди.
Се држи со левата рака.
E. Уред на поткаструвачот:
уред предвиден за кастрење и
обликување на дрвјата. Се доставува
монтиран на соодветната оска.
F.
Заштитна опрема: платнени ремени
што минуваат под рамениците.
Помага да се издржи тежината на
машината во текот на работата. Се
користи само со продолжена шипка.
G. Лост за наведување: на него се наоѓа
и го управува синџирот со запци.
H. Синџир со запци: елемент предвиден
за сечење којшто се состои од преносник
со мали сечива наречени „запци" и
странични поврзувања со чивии.
I.
Клин за сопирање на синџирот:
безбедносен уред којшто спречува
неконтролирани движења на
синџирот со запци во случај на
дефект или разлабавување.
J.
Продолжена шипка: елемент
којшто обезбедува да се зголеми
дофатот на машината.
K. Заштита за лостот: уред за покривање
на пилата со синџир којшто се става
врз лостот за наведување којшто
се користи при носење, транспорт
и преместување на машината.
MK - 7

Publicidad

loading