Descargar Imprimir esta página

GGP ITALY MP 24 Li Manual De Instrucciones página 279

Podadora alimentada por batería

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 145
шипката со команди (сл. 9.B) на начин
да одржува стандардна должина.
• Вметнете ја шипката со командите
(сл. 9.B) во шипката на уредот
со поткаструвачот (сл. 9.A).
• Лизнете го вратот (сл. 9.C) нагоре и
свртете го во правецот на стрелките
на часовникот да се затегне докрај.
Проверувајте ги од време
на време за да се уверите дека
шипките се добро стегнати.
4.4 ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА УРЕДОТ
СО ПОТКАСТРУВАЧОТ
Максималната должина се постигнува со
вметнување на шипка за продолжување
(сл. 10.A) меѓу шипката со команди
(сл. 10.B) и шипката на уредот со
поткаструвачот (сл. 10.C).
• Лизнете ги вратовите (сл. 10.D) нагоре
и свртете ги во правецот на стрелките
на часовникот да се затегнат докрај.
Проверувајте ги од време
на време за да се уверите дека
шипките се добро стегнати.
4.5 ВАДЕЊЕ НА УРЕДОТ СО
ПОТКАСТРУВАЧОТ
Ако шипката за продолжување )сл. 10.А)
е поставена, уредот со поткаструвачот
(сл. 10.C) треба прво да се извади.
• За да го извадите уредот со поткаструвачот
(сл. 10.С) поставете ја шипката со
команди (сл. 10.B) на земја, разлабавете
го вратот (сл. 10.D) и извадете ја
шипката на уредот с опоткаструвачот.
5. КОМАНДИ ЗА КОНТРОЛА
5.1 КОМАНДА НА РАЧКАТА
ЗА ЗАБРЗУВАЧОТ
Рачката со командата за забрзувачот
(сл. 11.А) го активира синџирот.
Рачката со командата за забрзување
може да се активира (сл. 11.A)
само ако е притиснато копчето за
блокирање на забрзувачот(сл. 11.B).
5.2 КОПЧЕ ЗА БЛОКАДА
НА ЗАБРЗУВАЧОТ
Копчето за блокада на забрзувачот
(сл. 11.В) овозможува активирање на
командата за забрзување (сл. 11.A).
6. УПОТРЕБА НА МАШИНАТА
Безбедносните одредби што
треба да ги следите се дадени во
поглавје 2. Строго придржувајте
се до тие упатства за да избегнете
сериозни ризици или опасности.
ВАЖНО Погледнете го соодветното
упатство во однос на работата на
моторот и батеријата (ако има).
6.1 ВОВЕДНИ ОПЕРАЦИИ
Пред да започнете со работа, неопходно е да
спроведете серија контроли и операции за
да обезбедите дека работата ќе се одвива на
ефикасен начин и со максимална безбедност.
6.1.1 Контрола на батеријата
• Пред секоја употреба:
– проверете ја состојбата на полначот
за батеријата следејќи ги насоките
посочени во упатството за батеријата
6.1.2 Употреба на појасот
Машината мора да се користи
секогаш закачена на ременот правилно
и така да се носи кога се користи
шипката за продолжување. Редовно
проверувајте ја ефикасноста на копчата
за брзо откачување што овозможува
брзо да ја ослободите машината од
ременот во случај на опасност.
Појасот треба се стави пред да се закачи
машината за соодветниот прицврстувач
и ременот треба да се регулира во однос
на висината и тежината на корисникот.
• Ременот (сл. (12.А) мора да мине над
левото рамо кон десниот колк.
• Закачете го копчето (сл. 12.B) на местото за
прикачување на шипката за продолжување.
MK - 9

Publicidad

loading