16 Чување
Носење на косилката за трева
► Носете работни ракавици изработени од
издржлив материјал.
► Ако косилката за трева се носи со
расклопени рачки:
► Едно лице нека ја држи косилката за
предниот дел на куќиштето, а друго лице
нека ги држи рачките со двете раце.
► Косилката за трева нека ја подигаат и
носат две лица.
► Ако косилката за трева се носи со склопени
рачки:
► Склопете ги рачките,
► Едно лице нека ја држи косилката за
предниот дел на куќиштето, а друго лице
нека ги држи рачките со двете раце.
► Косилката за трева нека ја подигаат и
носат две лица.
Транспортирање на косилката за трева во
возило
► Прицврстете ја косилката за трева во
исправена положба, така што нема да се
врти и движи.
15.2
Транспортирање на
батеријата
► Исклучете ја косилката за трева, извадете
ја батеријата.
► Осигурете се дека батеријата е во
безбедна состојба.
► Спакувајте ја батеријата така што не може
да се движи внатре во пакувањето.
► Наместете го пакувањето така што нема да
се поместува.
За батеријата важат прописите за транспорт
на опасни материи. Батеријата е
класифицирана како UN 3480 (литиум-јонски
батерии) и е тестирана во согласност со
Упатството за тестови и критериуми на ООН
Дел III, потдел 38.3.
Прописите за транспорт се наведени на
www.stihl.com/safety-data-sheets .
0478-131-9862-B
8.2.2.
16 Чување
16.1
Складирање на косилката за
трева
► Исклучете ја косилката за трева, извадете
го безбедносниот клуч и извадете го
акумулаторот.
► Складирајте ја косилката за трева така што
ќе бидат исполнети следниве услови:
– Косилката за трева е вон дофат на деца.
– Косилката за трева е чиста и сува.
– Косилката за трева не може да се
преврти.
– Косилката за трева не може да се
стркала.
16.2
Складирање на батеријата
STIHL препорачува складирање на батеријата
со ниво на наполнетост помеѓу 40% и 60% (2
зелени LED-диоди).
► Складирајте ја батеријата така што се
исполнети следните услови:
– Батеријата е вон дофат на деца.
– Батеријата е чиста и сува.
– Батеријата е во затворена просторија.
– Батеријата е одвоена од косилката.
– Ако батеријата е складирана во
полначот: Исклучете го кабелот за
напојување и складирајте ја батеријата
со ниво на полнење помеѓу 40% и 60%
(запалени 2 зелени LED диоди).
– Батеријата е во температурниот опсег од
‑ 10 °C до + 50 °C.
УПАТСТВО
■ Ако батеријата не се чува како што е
опишано во ова упатство за употреба,
батеријата може длабоко да се испразни и
непоправливо да се оштети.
► Наполнете ја испразнетата батерија
пред да ја складирате. STIHL
препорачува складирање на батеријата
со ниво на наполнетост помеѓу 40% и
60% (2 зелени LED-диоди).
► Чувајте ја батеријата одвоено од
косилката.
17 Чистење
17.1
Легнување на косилката за
трева
► Исклучете ја косилката за трева, извадете
го безбедносниот клуч и извадете го
акумулаторот.
македонски
577