Descargar Imprimir esta página

Milwaukee MXF SC Manual Original página 46

Ocultar thumbs Ver también para MXF SC:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 14
УПАТСТВА ЗА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Употреба на литиум-јонски батерии
Наизменични батерии кои што подолго време не биле
употребувани пред употреба да се наполнат.
Температура над 50°C го намалува учинокот на наизменичната
батерија. Подолго затоплување од сонце или од греење да се
избегне.
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат
целосно по употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после нивното
полнење треба да бидат извадени од апаратот за полнење на
батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Акумулаторот да се чува на температура од приближно 27°C и
на суво место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од
состојбата на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
Заштита од преоптоварување на батеријата за литиум-
јонски батерии
Во случај на преоптоварување на батериите поради енормно
висока потрошувачка на електрична енергија, на пр. екстремно
висок број на вртежни моменти, заглавување на оперативната
алатка, нeoчекувано сопирање или краток спој, електричната
алатка прекинува со работа и по 2 секунди автоматски се
исклучува.
Под екстремни услови може да се зголеми температурата на
батеријата. Во тој случај трепка приказот за батеријата додека
се олади. Ако приказот не трепка повеќе, уредот е повторно
подготвен за работа.
Транспорт на литиум-јонски батерии
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за
транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и одредби.
• Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен
патен транспорт на истите.
• Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од
страна на шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите
за транспорт на опасни материии. Подготовките за шпедиција
и транспорт треба да ги вршат исклучиво соодветно
обучени лица. Целокупниот процес треба да биде стручно
надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
• Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а
сето тоа со цел да се избегнат кратки споеви.
• Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во
нивната амбалажа.
• Забранет е транспорт на оштетени или протечени литиум-
јонски батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето
шпедитерско претпријатие.
КАРАКТЕРИСТИКИ
По поставувањето на батеријата во лежиштето на полначот,
таа ќе започне автоматски да се полни ( црвеното ЛЕД светло
останува вклучено)
На целосно испразнета батерија со внатрешна температура
во нормалниот опсег ќе ѝ требаат околу 35 до 75 минути да
се наполни - во зависност од температурата на батеријата и
полначот.
На батериите што се празнат често може да им треба подолго
време за целосно полнење.
Индикаторите за статусот на полнење светат додека се полни
батеријата и го прикажуваат моменталниот статус на полнење.
Кога процесот на полнење ќе заврши, светлата ќе се изгаснат.
Кога батеријата целосно ќе се наполни , ЛЕД светлото на
90
полначот се менува од црвено во зелено и Лед светилките на
батеријата се гасат.
Ако светлата трепкаат наизменично црвено и зелено или не
се палат, проверете дали батеријата е правилно ставена во
станицата за полнење. Отстранете ја батеријата и повторно
вметнете ја. Ако светлата и понатаму трепкаат црвено и зелено
наизменично или не се палат, извадете ја батеријата(-ите) и
исклучете го полначот најмалку 2 минути. По 2 минути, повторно
приклучете го полначот во приклучницата и вметнете ја
батеријата. Ако проблемот продолжи, контактирајте со службата
за корисници на MILWAUKEE.
СВЕТЛОСНИ ИНДИКАТОРИ ЗА ПОЛНАЧ
Црвено светло во
Полнењето е во тек
континуитет
Бавно зелено
Полнењето е скоро завршено
трепкање
Зелено светло во
Полнењето е завршено
континуите
Батеријата или полначот
е премногу топол/ладен
- полнењето ќе започне
Брзо трепка
повторно кога батеријата
црвено
или полначот ќе ја достигне
правилната температура на
полнење
Наизменично
Батеријата е оштетена или
црвено/зелено
дефектна
трепкање
РАБОТНИ УПАТСТВА
Наполнете ги новите батерии пред употреба. Батериите се
испорачуваат во режим на подготвеност.
Работа при ладно време
Литиум-јонските батерии на MILWAUKEE се проценети за
работни температури под точката на мрзнење. Ако батеријата е
премногу ладна, можеби ќе треба да се загрее пред употреба.
Вметнете ја батеријата во уредот и вклучете го уредот со мало
оптоварување.
ONE-KEY™
За да дознаете повеќе за функционирањето на ONE-KEY
на оваа алатка, Ве молиме прочитајте го упатството за брзо
стартување или посетете на интернет на: www.milwaukeetool.
com/one-key. Апликацијата ONE-KEY може да ја симнете на
Вашиот смартфон преку App Store или Google Play.
Ако дојде до електростатско празнење, Bluetooth поврзувањето
ќе биде прекинато. Во таков случај, повторно воспоставете ја
врската рачно.
Индикатор ONE-KEY™
Сино постојано светло
Безжичниот режим е активен и
подготвен за конфигурирање преку
апликацијата ONE-KEY™.
Сино трепкачко светло
Алатката активно комуницира со
апликацијата ONE-KEY™.
Црвено трепкачко светло Алатката е заклучена поради
безбедност и може да ја отклучи
операторот преку апликацијата
ONE-KEY™.
МАКЕДОНСКИ
ОДРЖУВАЊЕ
Доколку кабелот за напојување
е оштетен, мора да се замени
исклучиво во специјализираните
продавници препорачани од
производителот, бидејки се потребни
алати специјално за таа намена.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови. Доколку
некои од компонентите кои не се опишани треба да бидат
заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните агенти на
Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж на
апаратот со наведување на машинскиот тип и шестоцифрениот
број на табличката со учинокот или во Вашата корисничка
служба или директно кај Techtronic Industries GmbH,
Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden, Германија.
СИМБОЛИ
Ве молиме пред да ја стартувате машината
обрнете внимание на упатствата за употреба.
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ!
Секогаш кога преземате активности врз машината
исклучете го кабелот од струјата.
Не го горете искористениот батерискиот сколоп.
Не полнете оштетените батерии. Заменете ги со
нови.
Не проголтајте ја ќелиската батерија!
Предупредување! Постои ризик на електричен
удар!
Овој алат е исклучиво за внатрешна употреба.
Никогаш не го изложувајте алатот на дожд.
Не отстранувајте ги отпадните батерии, отпадната
електрична и електронска опрема како несортиран
комунален отпад. Отпадните батерии и отпадната
електрична и електронска опрема мора да се
собираат посебно.
Отпадните батерии, отпадните акумулатори
и отпадните извори на светлина треба да се
отстранат од опремата.
Проверете кај вашиот локален орган или продавач
за совети за рециклирање и место за собирање.
Во зависност од локалните регулативи, трговците
на мало може да се обврзани бесплатно да
ги преземаат искористените батерии, како и
отпадната електрична и електронска опрема.
Вашиот придонес за повторна употреба и
рециклирање на отпадните батерии и отпадната
електрична и електронска опрема помага да се
намали побарувачката на суровини.
Отпадните батерии, посебно оние што содржат
литиум, и отпадната електрична и електронска
опрема содржат вредни материјали за
рециклирање, кои може негативно да влијаат
на животната средина и на здравјето на
луѓето доколку не се отстранат на еколошки
компатибилен начин.
Избришете ги личните податоци од отпадната
опрема, доколку ги има.
Европска ознака за сообразност
Ознака за сообразност на ОК
Украинска ознака за сообразност
Евроазиска ознака за сообразност
МАКЕДОНСКИ
91

Publicidad

loading