повторно вклучете.
Во случај на екстремни оптоварувања батеријата се загрева премногу. Во
таков случај трепкаат сите ламбички од приказот за полнење сè додека
батеријата не се излади. По гаснење на приказот за полнење може да се
продолжи со работа.
ТРАНСПОРТ НА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за транспорт на
опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно локалните,
националните и меѓународните прописи и одредби.
• Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен патен транспорт
на истите.
• Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од страна на
шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите за транспорт на опасни
материии. Подготовките за шпедиција и транспорт треба да ги вршат
исклучиво соодветно обучени лица. Целокупниот процес треба да биде
стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
• Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а сето тоа со цел
да се избегнат кратки споеви.
• Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во нивната
амбалажа.
• Забранет е транспорт на оштетени или протечени литиум-јонски батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето шпедитерско
претпријатие.
ОПИС НА ФУНКЦИЈАТА
1 Капак за пристап до спиралата
2 Телескопска рачка
3 Копче за ослободување на рачката
4 Спирала
5 Прицврстувач за спирала
6 Контрола на брзината
7 Индикатор за OnekeyTM
8 Контролен прекинувач за ротација на спиралата
9 Преграда за батерии OnekeyTM
10 OnekeyTM-картичка
11 Батерија
12 Барабан
13 Ножен прекинувач
РАБОТНИ УПАТСТВА
Поставување на чистачот за цевки
Поставете го чистачот за цевки на растојание од најмногу 60 cm од отворот
на цевката. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! На поголема оддалеченост, спиралата
може да се искриви, извитка, прекрши или отклони.
Отстранете го ножниот прекинувач од држачот, одмотајте го кабелот за
напојување и оставете го настрана за да се осигурите дека нема да се
заглави во спиралата.
Дополнителни совети за употреба
Обрнете внимание на илустрациите за нормална употреба.
Извлечете ја спиралата и вметнете ја најмалку 60 cm длабоко во цевката.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Секогаш носете кожни ракавици над ракавиците од
латекс или гума за да избегнете нивно заплеткување во спиралата.
Само на едно лице му е дозволено да ја контролира спиралата и да ракува
со ножниот прекинувач во исто време. Кога спиралата ќе престане да ротира,
операторот мора да може да го ИСКЛУЧИ уредот за да избегне оштетувања
и повреди.
Полека повлечете ја спиралата наназад за да ѝ дозволите на синџирестата
алка да ја ослободи блокадата. Ако уредот се блокира, веднаш ослободете
го ножниот прекинувач.
Повторете ги чекорите 2-5 (види дел со слики) додека цевката не се исчисти.
132
Извлекување на спиралата од цевката
Ослободете го ножниот прекинувач. Спиралата мора да биде целосно во
мирување пред да се извлече од цевката.
Поставете го прекинувачот Нанапред/ИСКЛУЧЕНО/Наназад во положба O
(ИСКЛУЧЕНО).
Извлечете ја спиралата од цевката.
ВГРАДУВАЊЕ НА СИНЏИРЕСТАТА АЛКА
Видете ги илустрациите во делот со слики
Изберете системско поврзување
СтандардиАлки
КарбидниАлки
32-40 mm HFSM-SC3240
HFSM-CC3240
50 mm
HFSM-SC50
HFSM-CC50
75 mm
HFSM-SC75
HFSM-CC75
110 mm
HFSM-SC110
HFSM-CC110
Користете само синџиреста алка за спирали од 5/16". Изберете ја
соодветната синџиреста алка во зависност од големината на цевката и
примената.
За нормални типови цевки може да се користат синџирести алки без
карбидни влошки за сечење. Овие типови алки се корисни за затнувања како
резултат на присуство на маснотии и слично. Синџирестите алки со карбидни
влошки за сечење се користат за отстранување на остатоците од варовник и
на корени од цевката. Алките со карбидни влошки за сечење се дизајнирани
да ја отстранат тврдоглавата нечистотија и може да ги оштетат цевките
направени од помеки или тенки материјали (како што се цевките од пластика
и песок). Оштетување може да настане и ако синџирестата алка се користи
на истото место предолго.
Не користете ја синџирестата алка за чистење цевки направени од стакло,
керамика, порцелан или слични материјали. Во спротивно, може да настанат
оштетувања.
Растојание
Соодветното растојание на прстенот осигурува дека алките можe соодветно
да се шират кога се ротираат за да се исчистат ѕидовите на цевката.
Користете го испорачаниот разделник кој е со големина за да одговара
на синџирестата алка. Ако е потребна поголема флексибилност за да се
исчисти кривината, може да го отстраните разделникот и да го приспособите
растојанието на прстенот со метро за мерење. Работењето без разделник
ја зголемува веројатноста спиралата да се отклони и да се оштети при
употреба. Никогаш не користете алки со карбидни влошки без разделници, за
да избегнете оштетување на спиралата.
Откриена спирала
Должината на откриената (необложена) спирала не смее да надмине 6 mm.
Колку е поголема откриената зона, толку е поголем ризикот од отклонување и
оштетување на спиралата. Откриената спирала може да се заштити со парче
обвивка (манжетни). Користете само обвивки што одговараат на дијаметарот
на спиралата. Кога ја сечете обвивката, проверете дали исечокот е чист и
целосен. Кога ја сечете обвивката внимавајте да не ја оштетите спиралата.
Тестирајте ги синџирестата алка и разделникот на спиралата, како што е
прикажано. Алките треба да бидат исправени. Не монтирајте со искривени
алки. Крајот на спиралата мора да биде на исто ниво со прстенот.
Контролирајте ја должината на откриената спирала.
Затегнете ги завртките за поставување со испорачаниот шестоаголен
клуч за да ја прицврстите синџирестата алка на спиралата. Неправилното
прицврстување може да резултира со оштетување или алката може да се
изгуби во цевката.
ТРАНСПОРТ
Пред транспорт поставете го прекинувачот Нанапред/ИСКЛУЧЕН/Наназад на
O (ИСКЛУЧЕНО) или извадете ја батеријата.
Пред транспорт, проверете дали рачката е заклучена во горна позиција.
Не користете го уредот за транспорт на друг товар или за товарење
дополнителни производи.
Пред транспортот уверете се дека ножниот прекинувач е правилно притиснат
и спиралата е намотана.
Пред транспортот отстранете ги можните пречки.
МАКЕДОНСКИ
За да го преместите уредот од една локација на друга, повлечете ја рачката и
навалете го уредот да се тркала на тркалца.
ЧИСТЕЊЕ
Пред чистење секогаш отстранувајте ја батеријата. Продирањето течности
за чистење или нечиста вода може да ја оштети батеријата и да предизвика
пожар.
Извлечената спирала избришете ја со крпа и замотајте ја на барабанот.
Спиралата и барабанот по секоја употреба мора темелно да се исчистат со
многу вода, за да се отстранат нечистотиите и остатоците.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Да се носат кожни ракавици. Оставете ги спиралата
и барабанот целосно да се исушат по чистењето. Избришете ја спиралата
ПродорнаГлава
со партал натопен со масло пред да ја намотувате (видете го делот
HSFSM-PH
„Склопување на спиралата").
Внимавајте водата да не навлезе во преградата за батерии или кај
електричните приклучоци. Пред да ја ставите батеријата, проверете дали
електричните приклучоци се суви. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Секогаш носете
кожни ракавици над ракавиците од латекс или гума за да избегнете нивно
заплеткување во спиралата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Ако спиралата се заглави кога ја намотувате, крајот на
спиралата може да удри како камшик.
ОДРЖУВАЊЕ
Поправете го оштетениот крај на спиралата
Неодамна исечен крај на спиралата е со остри рабови. Секогаш носете
заштитни ракавици кога ракувате со спиралата.
1. Отстранете ја батеријата.
2. Исечете го оштетениот крај на спиралата, уредно и навремено.
3. Отстранете ги острите рабови на крајот на спиралата.
4. Измерете ја должината на откриената спирала.
5. Со помош на алатка за соголување отстранете ја обвивката на приближно
20 cm од крајот на спиралата.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови. Доколку некои
од компонентите кои не се опишани треба да бидат заменети, Ве молиме
контактирајте ги сервисните агенти на Milwaukee (консултирајте ја листата
на адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж на апаратот со
наведување на машинскиот тип и шестоцифрениот број на табличката со
учинокот или во Вашата корисничка служба или директно кај Techtronic
Industries GmbH, -Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden, Германија.
СИМБОЛИ
Ве молиме внимателно прочитајте ги упатствата за
употреба пред пуштањето во употреба.
ПРЕТПАЗЛИВОСТ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ!
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на
каков и да е зафат врз машината.
Носете ракавици!
Секогаш при користење на машината носете ракавици.
За транспорт на уредот секогаш се потребни две лица!
Предупредување! Постои ризик на електричен удар!
Заштитете ја батеријата од влага.
Немојте никогаш да стапнувате или да стоите на
системот на полици.
Со оваа страна нагоре.
Не проголтајте ја ќелиската батерија!
Не отстранувајте ги отпадните батерии, отпадната
електрична и електронска опрема како несортиран
комунален отпад. Отпадните батерии и отпадната
електрична и електронска опрема мора да се собираат
посебно.
Отпадните батерии, отпадните акумулатори и отпадните
извори на светлина треба да се отстранат од опремата.
Проверете кај вашиот локален орган или продавач за
совети за рециклирање и место за собирање.
Во зависност од локалните регулативи, трговците на
мало може да се обврзани бесплатно да ги преземаат
искористените батерии, како и отпадната електрична и
електронска опрема.
Вашиот придонес за повторна употреба и рециклирање на
отпадните батерии и отпадната електрична и електронска
опрема помага да се намали побарувачката на суровини.
Отпадните батерии, посебно оние што содржат литиум,
и отпадната електрична и електронска опрема содржат
вредни материјали за рециклирање, кои може негативно
да влијаат на животната средина и на здравјето на луѓето
доколку не се отстранат на еколошки компатибилен начин.
Избришете ги личните податоци од отпадната опрема,
доколку ги има.
n
Брзина без оптоварување
0
V
Напон
Истосмерна струја
Европска ознака за усогласеност
Ознака за сообразност на ОК
Украинска ознака за сообразност
EurAsian (Евроазиски) знак на конформитет.
МАКЕДОНСКИ
133