Соодветно само за употреба со
чистачите со висок притисок STIHL,
серија RE.
Облека и опрема
ПРЕДУПРЕДУВА
ЊЕ
■ Во текот на работењето долгата
коса може да биде вовлечена во
валјакот на четката. Корисникот
може да биде тешко повреден.
– Соберете ја долгата коса и
заштитете ја така што ќе се
наоѓа над рамената.
■ Несоодветната облека може да се
заплетка во валјакот на четката.
Корисници без соодветна облека
може да бидат тешко повредени.
– Носете припиена облека.
– Извадете ги шаловите и накитот.
■ Во текот на работењето, предмети
може да бидат отфрлени со голема
брзина. Корисникот може да биде
повреден.
– Носете добро припиени
заштитни очила. Соодветните
заштитни очила се проверени
според стандардот EN 166 или
според националните прописи и
на пазарот се достапни со
соодветна ознака.
■ Корисникот со несоодветни обувки
може да се лизне. Корисникот може
да биде повреден.
– Носете цврсти, затворени обувки
со ѓон што не се лизга.
158
Безбедносни упатства
ПРЕДУПРЕДУВА
ЊЕ
■ За да ја намалите опасноста од
тешки повреди, никогаш не
користете го валјакот на четката на
лица или животни. Неовластени
лица, деца и животни да се држат
подалеку од работниот простор.
■ Не користете променет, оштетен
несоодветно поставен или
одржуван, ниту, пак нецелосно и
небезбедно монтиран валјак на
четка. Пред почетокот на работата,
проверете дали приклучоците и
спојките се правилно монтирани и
цврсти и дали сите компоненти се
наоѓаат во безбедна состојба.
Максималниот дозволен притисок и
максималната температура на
водата не смеат да се пречекорат,
3.15.
■ Доколку за време на работата со
валјакот на четката се појават
невообичаени вибрации, прекинете
ја работата и побарајте помош од
специјализиран продавач STIHL.
■ За да ја намалите опасноста од
губење на контролата и повреди,
не фиксирајте ја рачката на
пиштолот за прскање во
притисната позиција.
■ Соодветно само за употреба со
чистачите со висок притисок STIHL,
серија RE. Може да дојде до
повреди и можна е материјална
штета.
0457-367-0067-A. VA1.L23.