► Во случај кога валјакот на четката
се турка тешко во млазната цевка:
Подмачкајте ја заптивката на
валјакот на четката со маст за
приклучоци.
Монтирајте го валјакот на четката:
► Притиснете ги заедно валјакот на
четката и млазната цевка и свртете
ги до граничникот.
► Раздвојте ги валјакот на четката и
млазната цевка.
Работа со валјакот на
четката
Користете го валјакот на четката со
двете раце.
► Зависно од примената, изберете
соодветни валјаци на четката за да
остварите оптимални перформанси
од чистењето,
– Тврди валјаци на четка (1) за
отстранување нечистотија на
површини што се отпорни на
гребење, на пр. дрвени
покривки, плочки или фасади.
– Меки валјаци на четка (2) за
отстранување нечистотија на
потенцијално чувствителни
површини, на пр. соларни
панели, прозорци или лакирани
и пластични површини (прибор).
Исчистете ги хоризонталните
површини,
H:
► Монтирајте го валјакот на четката
на млазната цевка.
► Движете го валјакот на четката со
лесен притисок вдолж површината
што се чисти.
За да ја задржите контролата, држете
го цврсто валјакот на четката на
пиштолот за прскање и млазната
цевка со двете раце.
0457-367-0067-A. VA1.L23.
G
Држете го валјакот на четката во
движење кога се притиска држачот на
пиштолот за прскање.
За зголемување на перформансите
од чистењето, валјакот на четката
може да се монтира обратно (свртен
за 180°). Валјаците на четката се
вртат во другата насока.
Исчистете ги вертикалните површини,
H:
► Монтирајте го валјакот на четката
на пиштолот за прскање.
► Движете го валјакот на четката со
лесен притисок вдолж површината
што се чисти.
За да ја задржите контролата, држете
го цврсто валјакот на четката на
пиштолот за прскање со двете раце.
Држете го валјакот на четката во
движење кога се притиска држачот на
пиштолот за прскање.
При работа над висина на
рамениците, монтирајте го валјакот
на четката обратно (свртен за 180°).
Валјаците на четката се вртат во
другата насока и ја олеснуваат
работата.
По работењето
За да го подготвите валјакот на
четката за транспорт или
складирање:
► Демонтирајте го механизмот за
прскање и испуштете ја останатата
вода од валјакот на четката.
► Исчистете го валјакот на четката.
Транспортирање на валјакот
на четката
► Во случај кога валјакот на четката
се транспортира со возило,
обезбедете го така што истиот
нема да може да се преврти или
придвижи.
161