4 Безбедносни упатства
4.5
Работен простор и околина
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
■ Лицата, децата и животните во близина не
можат да ги препознаат или проценат
опасностите на косилката за трева и
предметите што излетуваат. Лицата,
децата и животните во близина може да
бидат сериозно повредени и може да се
предизвика материјална штета.
► Чувајте ги подалеку од работната област
лицата, децата и животните во близина.
► Одржувајте растојание до предметите.
► Никогаш не оставајте ја косилката за
трева без надзор.
► Децата не треба да си играат со
косилката за трева.
■ Кога моторот работи, од ауспухот
излегуваат жешки издувни гасови. Жешките
издувни гасови може да запалат лесно
запаливи материјали и да предизвикаат
пожар.
► Чадот од издувните гасови треба да
биде подалеку од лесно запаливи
материјали.
4.6
Состојба за безбедна
употреба
4.6.1
Косилка за трева
Косилката за трева е во безбедна состојба
доколку се исполнети следните услови:
– Косилката за трева не е оштетена.
– Од косилката за трева не истекува бензин.
– Капачето на резервоарот за гориво е
затворено.
– Од косилката за трева не истекува моторно
масло.
– Капачето за моторното масло е затворено.
– Косилката за трева е чиста.
– Контролите работат и не се модифицирани.
– Ако се коси трева и искосената трева треба
да се собере во корпата за искосена трева:
Додатокот за мулчирање е отстранет,
продолжетокот е откачен и корпата за
искосена трева е правилно закачена.
– Ако се коси и искосената трева треба да се
исфрла одзади: Корпата за искосена трева
е извадена и клапната за исфрлање е
затворена.
– Ако се коси и искосената трева треба да се
исфрла странично на земјата: Корпата за
искосена трева е извадена, додатокот за
мулчирање е правилно вметнат и
продолжетокот е правилно закачен.
0478-111-9815-B
– Доколку треба да се мулчира:
Продолжетокот и корпата за искосена
трева се откачени и додатокот за
мулчирање е правилно наместен.
– Ножот е правилно монтиран.
– На косилката за трева правилно се
прикачени оригинални додатоци од STIHL.
– Механизмите со пружина се неоштетени и
работат.
– Кога ќе ја пуштите рачката-прекинувач за
косење, моторот се гаси.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
■ Во небезбедна состојба, компонентите
повеќе не функционираат правилно,
безбедносните уреди може да бидат
оневозможени и може да истекува гориво.
Луѓето може да бидат тешко повредени или
да загинат.
► Работете со неоштетена косилка за
трева.
► Доколку од косилката за трева истекува
бензин: Не работете со косилката за
трева и обратете се кај овластен
дистрибутер на STIHL.
► Затворете го капачето на резервоарот за
гориво.
► Доколку од косилката за трева истекува
моторно масло: Не работете со
косилката за трева и обратете се кај
овластен дистрибутер на STIHL.
► Затворете го капачето за моторно масло.
► Доколку косилката за трева е нечиста:
Исчистете ја косилката за трева.
► Не манипулирајте со косилката за трева
или нејзините безбедносни системи.
► Не правете измени на косилката за трева
со кои се менува моќноста или бројот на
вртежи на моторот.
► Ако контролите не работат: Не работете
со косилката за трева.
► Механизмите со пружина може да
ослободат складирана енергија.
► Ако се коси трева и искосената трева
треба да се собере во корпата за
искосена трева: Извадете го додатокот
за мулчирање, откачете го
продолжетокот и закачете ја корпата за
искосена трева како што е опишано во
ова упатство за употреба.
► Доколку се коси трева и искосената
трева треба да се исфрла странично на
земјата: Откачете ја корпата за искосена
трева, наместете ги додатокот за
мулчирање и продолжетокот како што е
опишано во ова упатство за употреба.
македонски
505