1. Одвртете го капакот и отстранете го.
2. Ставете инка.
3. Наполнете гориво и отстранете ја инката.
4. На крајот на полнењето затворете
го убаво капакот и исчистете ги
евентуалните траги од гориво.
ВАЖНО Избегнувајте да истурате
гориво врз пластичните делови на
моторот за да не се оштетат, и веднаш
исчистете го секој траг на гориво од нив.
Гаранцијата не ги покрива штетите на
пластиката предизвикани од гориво.
5.1.4 Капак на свеќичката
Поврзете го цврсто капакот (фиг.
4.A) на кабелот на свеќичката (фиг.
4.B), внимавајќи да нема траги од
нечистотија врз крајот на свеќичката.
5.2 ПАЛЕЊЕ НА МОТОРОТ (ЛАДНО)
Палењето на моторот треба да биде според
инструкциите во Упатството за употреба,
имајќи го предвид секогаш предупредувањето
да се исклучат сите уреди (доколку е
предвидено) во состојба да ја придвижат
машината или да го исклучат моторот.
1. Наместете ја полугата во позиција
«CHOKE» (ако е присутна)
или на позиција «FAST».
2. Свртете го клучот за палење на моторот
како што е објаснето во инструкциите
на Упатството за употреба.
После неколку секунди, вратете ја постепено
полугата во позиција «CHOKE» (ако е
присутна) во позиција «FAST» или «SLOW».
5.3 ПАЛЕЊЕ НА МОТОРОТ (ТОПЛО)
Следете ја целата процедура на ладно
палење со забрзувачот во позиција «FAST».
5.4 УПОТРЕБА НА МОТОРОТ ЗА
ВРЕМЕ НА РАБОТАТА
Поради оптимизирање на моќта и
изведбата на моторот, потребно е
користење на најголема брзина со
менувачот на позиција «FAST».
ВАЖНО Не работете на наклон поголем
од 20° за да не се расупе моторот.
5.5 ИСКЛУЧУВАЊЕ НА МОТОРОТ
ЗА ВРЕМЕ НА РАБОТАТА
1. Донесете го менувачот во
позиција «SLOW».
2. Оставете го моторот да работи
барем 15-20 секунди.
3. Исклучете го моторот според
инструкциите на Прирачникот
за користење на машината.
5.6 ИСКЛУЧУВАЊЕ НА
МОТОРОТ НА КРАЈОТ
1. Наместете го менувачот на
позиција «SLOW».
2. Оставете го моторот да работи
барем 15-20 секунди.
3. Исклучете го моторот според
инструкциите на Прирачникот
за користење на машината.
4. На исклучен и оладен мотор,
извадете го капакот (фиг. 4.A) на
свеќичката и извадете го клучот
(дококлу е предвидено).
5. Отстранете ги сите наталожени
честички од моторот посебно од
зоната на пригушувачот на ауспухот,
за да се намали ризикот од пожар.
5.7 ЧИСТЕЊЕ И ГАРАЖИРАЊЕ
• Не користете млаз вода ниту средства за
чистење на пареа за чистење на моторот.
• Се преферира чистење со млаз на
воздух под притисок (максимум 6 bar)
внимавајќи да не влезат во внатрешниот
дел на моторот честички и прашина.
• Оставете ја машината (и моторот)
на суво, заштитено од невреме и
соодветно проветрено место.
5.8 ПРОДОЛЖЕНО НЕКОРИСТЕЊЕ
Во случај на предвидено некористење на
моторот повеќе од 30 дена (пр. на крајот од
сезоната) потребно е да се преземат мерки
за безбедност до следното користење.
• Празнење на резервоарот за да
се спречи формирање на талог,
одвртувајќи го капачето (фиг. 5.A) на
кадичката на карбураторот празнејќи
го горивото во соодветен сад. На крајот
од операцијата да се заврти капакот
(фиг. 5.A) затворајќи го до крај.
• Отстранете ја свеќичката и ставете
во отворот за истата околу 3 cl на
чисто моторно масло, потоа држејќи го
отворот затворен со крпа, вклучете го
6