4
РЕГУЛАТОРНА ПРЕПОРАКА
4.1 СООБРАЗНОСТ
Овој уред е дизајниран и произведен од друштво со сертифициран систем за квалитет.
Ги исполнува барањата од Европската директива 93/42/ЕЕЗ за медицински средства.
Како резултат на тоа, особено ги исполнува стандардите за ад хок електрична безбедност (IEC) и
за Електромагнетна компатибилност (ЕМК).
4.2 ЕЛЕКТРОМАГНЕТНИ ПРЕЧКИ И ЕЛЕКТРОСТАТСКИ
ПРАЗНЕЊА
Иако овој производ ги исполнува стандардите за ЕМК, сепак во доста ретки околности возможно
е да генерира пречки во работата на други уреди или да биде под влијание на пречки генерирани
од други уреди или од неповолна електромагнетна средина.
За оваа медицинска опрема е потребно да се преземат посебни мерки на претпазливост во
врска со електромагнетната компатибилност и потребно е да се инсталира во согласност со
информациите за електромагнетна компатибилност.
Трансферите на снимки од камера на монитор може да бидат подложни на електромагнетни
нарушувања.
За да се избегнат такви ситуации, се препорачува
•
Да се погрижите за квалитетот на електричната мрежа (а особено на системот за
заземјување на сите уреди и на преносителите);
•
Да го чувате уредот подалеку од електромагнетни извори (на пр. компресор, мотор,
трансформатор, генератор на високи фреквенции, итн.).
4.3 МАТЕРИОВИГИЛАНЦА
Како и сите други медицински средства, овој уред подлежи на одредбите за материовигиланца. За
секоја сериозна неисправност мора веднаш да бидат известени надлежните органи и производителот
и известувањето да биде што е можно попрецизно.
За адресата на производителот, Ве молиме погледнете на последната страница од ова упатство.
Внимание: Федералното законодавство на САД предвидува ограничување според кое овој уред
може да се набави само од лекар или по нарачка на лекар.
4.4 КРАЈ НА ЖИВОТНИОТ ВЕК
Овој уред е означен во согласност со Европската директива 2002/96/ЕЕЗ за отпадна електрична и
електронска опрема (WEEE).
Со правилно депонирање на овој производ, Вие ќе помогнете да се спречат потенцијалните негативни
последици за животната средина и за човековото здравје, коишто инаку би можеле да настанат поради
несоодветно постапување со отпадот од овој производ.
Симболот
што се наоѓа на производот, или на документите што се дадени во прилог на
производот, укажува дека овој уред не може да се третира како отпад од домаќинство. Наместо
тоа, треба да се предаде во соодветниот собирен пункт за рециклирање електрична и електронска
опрема.
Депонирањето мора да се изврши во согласност со локалните еколошки прописи за депонирање
отпад.
За подетални информации за постапувањето, повраќањето и рециклирањето на овој производ,
Ве молиме обратете се кај локалниот дилер од кого сте го набавиле производот и кој ќе Ви каже
како да постапите понатаму.
:
211