8
ПОСТПРОДАЖНИ УСЛУГИ
Не е потребно посебно одржување на камерата. Во продолжение е дадена листа на вообичаени
проблеми кои се лесни за решавање. За сите други случаи, обратете се кај нашата Служба за
одржување која ќе Ви помогне што е можно побрзо. Ве потсетуваме дека дефекти што се должат
на несоодветно постапување не се опфатени со гаранција.
8.1 НЕМА СЛИКА НА ЕКРАНОТ
•
Проверете дали камерата е правилно поврзана и дали софтверот за снимање е отворен
и правилно инсталиран (види во поглавје 5).
8.2 СЛИКАТА ТРЕПКА
•
Проверете дали компјутерот ја има минималната конфигурација од поглавје 5.
•
Само софтверот за снимање нека биде активен. Исклучете го преостанатиот софтвер.
•
Не приклучувајте ја камерата на предниот дел од компјутерот.
8.3 СЛИКАТА Е ЗАМАТЕНА И ПОДЕДНАКВО ПОБЕЛЕНА
•
Проверете да не има заматување на леќата.
•
Проверете сензорот да не е насочен кон некој премногу осветлен предмет.
•
Проверете го фокусот на леќата.
8.4 СЛИКАТА Е ПРЕМНОГУ СВЕТЛА ИЛИ ПРЕМНОГУ
ТЕМНА
•
Проверете дали параметрите „BRIGHTNESS" и „CONTRAST" се добро приспособени
(види во поглавје 5).
Производот мора да се дезинфицира пред да се испрати на поправка .
Ако проблемот и понатаму се јавува и доколку добиете насоки да ни ја испратите камерата
назад, внимавајте таа да биде ставена во оригиналното пакување. Исто така, треба да ни го
испратите целиот систем (сензор, леќи и кабли). Би Ве замолиле во прилог на испратницата да
ни доставите и појаснување за забележаниот дефект.
При приемот на опремата, ќе треба да проверите во каква состојба е и да внесете рекламација во
доставницата, доколку е неопходно. Потоа ќе имате 48 часа да го потврдите тоа со препорачано
писмо адресирано до превозникот. По изминување на овој период, превозникот може да ги
отфрли тие рекламации. Во случај опремата што сме ја испратиле да претрпела штета за време
на транспортот, износот за поправка ќе биде или на товар на превозникот, доколку била внесена
рекламација во рамки на рокот, или во спротивно, на товар на примачот.
Не заборавајте да проверите брзо дали опремата што била предмет на транспорт добро
функционира.
За кои било други интервенции извршени од нашата Постпродажна служба, не се обезбедуваат
Упатства за сервисирање.
217