5
ИНСТАЛИРАЊЕ
5.3 ОПТИМИЗИРАЊЕ НА СЛИКАТА
Имајќи ја предвид нееднаквоста во видео перформансите на различни компјутери,
задолжително е да се приспособат параметрите на системот (графичка картичка, екран...) за
да се добие најдобриот квалитет на слика.
Оваа операција мора да се изврши еднаш при инсталирањето на камерата.
> Приклучете ја камерата на компјутерот, поврзете го ендоскопот, светлосниот кабел и
вклучете го изворот на светлина.
> Активирајте го софтверот преку иконата за брз пристап
површина.
> Кликнете на иконата
> Извршете AWB (автоматско балансирање на белата боја): завиткајте го ендоскопот во бела
газа за да се избегнат какви било темни делови на сликата.
> Променете ја резолуцијата на видеото на 720 х 576 за PAL камера (Одете во Files,
Confi guration, camera, capture connection).
> Приспособете ги параметрите за: Светлост/ Контраст/ Заситеност/ Острина на следниов
начин:
•
Одете во Files, Confi guration, camera, fi lter of capture, Amp proc video
•
Приспособете го контрастот за да имате светла слика, без бела заситеност или шум.
•
Приспособете ја светлоста за да имате светла слика без шум.
•
Приспособете ја заситеноста на боите на сликата за да добиете реалистични бои.
•
Приспособете ја острината за да се подобрат деталите без да се зголеми шумот.
> Ако е неопходно, променете ги параметрите на мониторот за да ги приспособите боите и
светлоста.
> Зачувајте ги параметрите и излезете.
Достапен е режимот „By default" за навраќање на фабричките поставки.
Овие вредности се зачувуваат и повторно се вчитуваат при секое активирање на системот.
Пред да ги поврзете Вашиот телескоп или фиберскоп на камерата, мора да ја проверите
нејзината состојба (чиста дистална леќа, фокусирајте ако е неопходно) и да ја поврзете со
Вашиот извор на светлина.
Потоа проверете дали сликата што се добива со таквата конфигурација е добра. Вклучете го
Вашиот извор на светлина и поставете го крајниот дел од Вашиот телескоп на дланката од
Вашата рака, со што ќе добиете симулација на основните услови за ендоскопија (внимавајте
на работното растојание меѓу предметот што се снима и телескопот, кое мора да биде слично
со она во реалноста, т.е. неколку сантиметри).
1. Почекајте неколку секунди за да имате стабилизирана светлина;
2. Активирајте Automatic White Balance (Автоматско балансирање на белата боја) (види во
следното поглавје);
3. Поставете го крајниот дел од Вашиот телескоп на дланката од Вашата рака, со што ќе
добиете симулација на основните услови за ендоскопија (внимавајте на работното растојание
меѓу предметот што се снима и телескопот, кое мора да биде слично со она во реалноста,
т.е. неколку сантиметри). Ако добиете заматена слика, променете го фокусот на леќата, а
ако е неопходно и на ендоскопот. Исто така, проверете за да се уверите дека нема ниту
замаглување, ниту прашина на Вашата леќа.
за да започнете со снимање.
која се наоѓа на работната
213