Мерки За Безбедност; Воведни Операции - Stiga 3700 Manual De Instrucciones

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 71
4
MK
3. МЕРКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
А) ОБУКА
1) Внимателно прочитајте ги упатствата. Запознајте
се со командите и правилното користење на машината.
Научете брзо да го запирате моторот.
2) Користете ја машината за она за што е наменета,
што значи за "соборување, сечење и кастрење на
дрвја со димензии што се дадени по должината на
лостот" или дрвени предмети со аналогни карак-
теристики. Било каква друга употреба може да биде
опасна и да предизвика оштетување на машината.
Се отфрлаат при неправилна употреба (како пример, но
не се ограничува на следното):
– регулација на жива ограда,
– обликување,
– сецкање гранки, сандаци и дрвени амбалажи од се-
каков вид
– сечење мебел или што било друго што содржи клин-
ци, шрафови и секој друг вид на метални компоненти,
– месарски работи,
– употреба на машината како рачка за подигнување,
спуштање или кршење предмети,
– употреба на машината кога е блокирана врз фиксна
потпора.
3) Не дозволувајте никогаш деца да ја употребуваат ма-
шината, или други лица што не се запознаени со ос-
новните упатствата. Локалните законски прописи ја од-
редуваат минималната возраст на корисникот.
4) Машината смее да ја користи само еден човек.
5) Никогаш немојте да ја користите машината:
– кога во непосредна близина има други лица, особено
деца или животни;
– доколку корисникот е во состојба на замор или изне-
моштеност, или користел лекови, дрога, алкохол или
други штетни супстанци што влијаат на капацитетот
за навремено реагирање или внимание;
– доколку корисникот не е во состојба да ја држи маши-
ната цврсто со двете раце и / или да одржува ста-
билна рамнотежа на нозете при работа.
6) Имајте на ум дека корисникот е одговорен за нез-
годите или опасноста по други лица или нивниот имот.
Б) ВОВЕДНИ ОПЕРАЦИИ
1) Во текот на работата, доколку е потребно, носе-
те соодветна облека што не ја попречува работата
на корисникот.
– Носете соодветна заштитна облека, надополнета со
заштита од сечење.
– Носете кацига, ракавици, заштитни очила, заштита од
прав и чевли со заштита од сечење и лизгање.
– Користете слушалки за да го заштитите слухот.
– Не носете марами, наметки, ремени и слични додато-
ци што висат или се долги и би можеле да се закачат
за машината или за предмети и материјали кои се
производ на работата.
– Соодветно приберете ја косата доколку е долга.
2) ВНИМАНИЕ: ОПАСНОСТ! Горивото е лесно за-
палливо:
– конзервирајте го горивото во соодветен склад до
следното користење;
– не пушете кога се користи горивото;
– полека отворете го капачето на резервоарот оста-
вајќи внатрешниот притисок постепено да испари;
– полнете го карбураторот само на отворено со помош
на инка;
– полнете гориво пред да го запалите моторот; нико-
гаш немојте да го отворате капачето на резервоа-
рот или да дополнувате гориво додека моторот
работи или е уште загреан.
– ако се истури гориво, немојте да го палите моторот,
туку прво отстранете ја машината од местото на ис-
турање и избегнувајте палење на оган додека не ис-
пари целото истурено гориво.
– веднаш исчистете го секој остаток од истуреното го-
риво од машината или од местото на истурање;
– не палете ја повторно машината на место каде се до-
левало гориво;
– избегнувајте контакт на горивото со делови од обле-
ката, и доколку тоа се случи, пресоблечете се пред да
го запалите моторот;
– секогаш докрај затворајте го капачето на резервоа-
рот и на садовите со гориво.
3) Заменете ги неисправните или оштетените пригу-
шувачи.
4) Пред употреба, проверете ја машината детално, а
особено:
– рачката за брзини и безбедносната рачка треба да се
во слободно движење, без примена на сила и при от-
пуштање треба да се вратат автоматски и брзо во не-
утрална позиција;
– рачката за брзини треба да биде блокирана за да не
ја бутка безбедносната рачка;
– прекинувачот за застанување на моторот треба лесно
да се движи од една во друга позиција;
– електричните кабли, и особено каблите на свеќичка-
та треба да се интегрирани за да се избегне генери-
рање искри и капакот треба да е правилно поставен
на свеќичката;
– прекинувачите и заштитата на машината треба да се
чисти и суви и правилно фиксирани за машината;
– кочницата за ланецот треба да функционира перфек-
тно и ефикасно;
– лостот и ланецот треба да се правилно склопени;
– ланецот треба да е правилно прицврстен.
5) Пред да започнете со работа, проверете дали сите
заштити се правилно поставени.
В) ЗА ВРЕМЕ НА КОРИСТЕЊЕТО
1) Немојте да го палите моторот во затворен простор
каде може да се соберат опасни јаглерод– моноксидни
гасови.
2) Работете само на дневна светлина или при добро
вештачко осветление.
3) Заземете цврста и стабилна позиција:
– избегнувајте кога е можно да работите на мокар и
лизгав терен или на терени кои се многу нерамни
или закосени и не гарантираат стабилност на кори-
сникот при работата;
– избегнувајте користење на скалила или нестабилни
платформи;
– не работете со машината над висина во ниво на ра-
меиците;
МЕРКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

4004500

Tabla de contenido