10
Дефекти, причини и
отстранување
Упатство за вградување и работа Wilo-Rexa PRO
Дефекти, причини и отстранување
ОПАСНОСТ
Ризик од медиуми опасни по живот!
Постои ризик по животот кога пумпата се употребува со медиуми опасни по
здравјето! Носете ја следната заштитна опрема кога работите:
• затворени заштитни очила
• Маска за дишење
• Заштитни ракавици
⇒ Дадената опрема е минимален услов, затоа внимавајте на податоците
за работните правила! Раководителот мора да се осигури дека
персоналот се придржува и ги разбира работните правила!
ОПАСНОСТ
Опасност по животот од струен удар!
Неправилното ракување со електриката може да доведе до смрт поради
струен удар! На електриката треба да работи стручен електричар следејќи ги
локалните прописи.
ОПАСНОСТ
Опасно по живот доколку работите сами!
Работењето во шахта и тесни простори, како и работењето каде што има
опасност од паѓање се смета за опасна работа. Не смеете сами да работите во
такви услови! Треба да биде присутно второ лице за поголема сигурност.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Забрането е задржување на лица во рамките на работниот простор
на пумпата!
Додека пумпата работи, таа може да предизвика (тешки) лични повреди! Затоа
не смее никој премногу да се задржува во работниот простор додека таа
работи. Кога некој е приморан да навлезе во работниот простор на пумпата,
таа треба да биде исклучена и осигурена да не се вклучи повторно!
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Работното коло и вшмукателната наставка имаат остри рабови!
Може да има остри рабови на работното коло и вшмукателната наставка.
Постои опасност од исекување на рацете! Треба да носите заштитни ракавици
за да се заштитите од исеченици.
Дефект: Пумпата не работи
1. Прекин во снабдувањето со струја или краток спој/проблем со заземјувањето
на водот или намотката на моторот.
⇒ Приклучувањето и моторот треба да ги провери стручен електричар и да
ги замени ако е потребно.
2. Отстранување на осигурувачите, заштитниот прекинувач на моторот или на
уредите за надгледување
⇒ Приклучувањето и уредите за надгледување треба да ги провери стручен
електричар и да ги замени ако е потребно.
⇒ Стручен електричар треба да ги вгради и нагоди заштитниот прекинувач
на моторот и осигурувачите согласно техничките податоци и да ги врати
уредите за надгледување.
mk
617