Cybex Silver PALLAS-FIX Manual Del Usuario página 133

Tabla de contenido

Publicidad

Благодариме што одлучивте да го купите детското седиште Pallas-
Fix за вашиот автомобил.
Прочитајте го внимателно ова Упатство за корисник пред да го
инсталирате седиштето за автомобил во возилото и секогаш чувајте
го водичот при рака во специјално наменетиот оддел за чување на
Упатството за корисник (a).
ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ
Без одобрение на органот за типска хомологација, седиштето за
автомобил не смее да се менува или да се додава на каков било начин.
Со цел детето да биде соодветно заштитено, задолжително е да го
користите детското седиште како што е опишано во ова упатство
за употреба.
Ова седиште за автомобил може да се монтира само на седишта на
возило што се одобрени за користење со системи за врзување деца во
согласност со прирачникот на возилото.
Соодветно е само за седишта на возила со автоматски каиши со три
точки за фиксирање одобрени во согласност со Регулативата бр. 16 на
ОН или со споредлив стандард.
Не користете какви било носечки контактни точки освен оние опишани
во упатството за корисник и означени на детскиот систем за врзување.
Целата површина на наслонот за грб на седиштето за автомобил мора
да доаѓа во допир со наслонот за грб на возилото.
Каишот за рамо мора да минува нагоре и назад дијагонално. Никогаш
не смее да минува напред во правец на горната точка на каишот
во возилото.
СЕРТИФИКАЦИЈА
ОН R-44/04
CYBEX PALLAS-FIX
– група 1, од 9 до 18 кг
CYBEX SOLUTION X-FIX
– група 2/3, од 15 до 36 кг
Се препорачува за возраст од
приближно 9 месеци до 12 години
Закопчувалката на каишот на возилото никогаш не смее да се вкрстува
со водилката на каишот на седиштето. Ако фиксниот држач на каиш е
премногу долг, седиштето за автомобил е несоодветно за користење
во оваа позиција во возилото. Ако не сте сигурни, контактирајте со
производителот на системот за врзување.
Каишите со три точки за фиксирање во возилото мора да минуваат
само низ назначените жлебови. Жлебовите за водење на каишот
се детално опишани во ова упатство за корисник и означени се на
седиштето за автомобил со црвена боја.
Скутниот каиш мора да минува што е можно пониско преку слабините
на детето за да има максимален ефект при судир.
Пред секоја употреба треба да се погрижите автоматскиот сигурносен
каиш за возило со три точки на фиксирање да биде приспособен
правилно и добро прицврстен на телото на детето. Никогаш не
превиткувајте го каишот!
Само оптимално приспособениот наслон за глава може да му понуди
на детето максимална заштита и удобност, а истовремено да гарантира
дека каишот за рамо се поставува без пречки.
Заштитникот мора да се употребува за Групата 1.
Седиштето за автомобил мора секогаш да биде прицврстено правилно
со автоматскиот каиш со три точки на фиксирање на возилото, дури и
кога не се употребува.
Секогаш треба да бидете сигурни дека седиштето на автомобил
не е заглавено кога ја затворате вратата на возилото или кога го
приспособувате задното седиште.
Багажот или кои било други предмети во возилото мора секогаш да
бидат добро прицврстени. Во спротивно, може да се разлетаат низ
возилото, што би можело да предизвика смртоносни повреди.
Седиштето за автомобил никогаш не смее да се употребува без
навлаката на седиште. Погрижете се да се употребува само оригинална
навлака на седиште CYBEX, бидејќи навлаката е клучен елемент за
функционирање на седиштето.
Никогаш не оставајте го детето во возилото без надзор.
Некои делови од овој систем за врзување дете може да се загреат
кога се изложуваат на директна сончева светлина и би можеле да
предизвикаат изгореници на детската кожа. Заштитете ги детето и
седиштето за автомобил од директно изложување на сончева светлина.
MK
131

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido