Descargar Imprimir esta página

Cybex Platinum SOLUTION T i-FIX Manual De Instrucciones página 95

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 31
Пластичните делови може да се чистат со благо средство за чистење и
топла вода. Никогаш не користете остри средства за чистење или белила!
На некои седишта на возило изработени од чувствителни материјали,
користењето детски седишта може да остави дамки и/или да предизвика
бледнеење. За да го спречите ова, може да ставите ќебе, крпа или сличен
предмет под детското седиште за да го заштитите седиштето на возилото.
ДЕЛОВИ НА ПРОИЗВОДОТ
(а) Оддел за чување на упатството
за корисник
(b) Наслон за грб
(c) Приспособлив наслон за глава
(d) Регулатор на висина на наслон
за глава
(e) Перниче
(f) Водилка на скутен каиш
ПОЧЕТНО СКЛОПУВАЊЕ
Поврзете го наслонот за грб (b) со перничето (e) со прикачување на
водилката со кука на осовината на перничето. Наслонот за грб (b) потoа се
преклопува нанапред. Линеарната странична заштита од удари (L.S.P) (h) се
отвора автоматски кога го вадите седиштето за автомобил од пакувањето.
Бидете сигурни дека линеарната странична заштита од удари (L.S.P)
насочена кон вратата на возилото е во целосно отворена позиција пред да
почнете да возите.
ТОЧНА ПОЗИЦИЈА ВО ВОЗИЛОТО
Седиштето за автомобил може да се употребува со вовлечени рачки за
заклучување ISOFIX (i) на седишта на возило опремени со автоматски каиш
со три точки за фиксирање. За користење на ISOFIX, ве молиме осврнете се
на списокот со компатибилни возила на www.cybex-online.com.
Кога детето има висина поголема од 135 см, компатибилноста помеѓу
Solution T i-Fix и вашето возило може да се намали. Прегледајте го списокот
со компатибилни возила за да проверите дали седиштето на возило може да
се употребува во сите позиции на потпирачот за глава без ограничувања.
Во особени случаи, детското седиште за автомобил може, исто така, да
се употребува на предното патничко седиште. Секогаш почитувајте ги
препораките на производителот на возилото.
(g) Водилка на каишот за рамо
(h) Линеарна странична заштита од
удари (L.S.P.)
(i) Рачки за заклучување ISOFIX
(j) Рачка за приспособување ISOFIX
(k) Копче за ослободување ISOFIX
(l) Сигурносен показател ISOFIX
(m) Точки за закотвување ISOFIX
МОНТИРАЊЕ НА ДЕТСКОТО СЕДИШТЕ ВО ВОЗИЛОТО
1. Секогаш треба да бидете сигурни дека...
наслоните за грб во возилото се закочени во исправена позиција,
кога го монтирате детското седиште на предното патничко седиште, тоа
е приспособено што е можно поназад, без да влијае врз жлебовите за
водење на каишот.
2. Употребете ја рачката за приспособување ISOFIX (j) под перничето (e) и
повлечете ги целосно двете рачки за заклучување ISOFIX (i).
3. Сега, завртете ги рачките за заклучување ISOFIX (i) 180 степени, така
што ќе бидат завртени во правец на точките за закотвување ISOFIX (m).
4. Поставете го детското седиште на соодветното седиште во возилото.
5. Турнете ги рачките за заклучување ISOFIX (i) во точките за закотвување
ISOFIX (m) сè додека не се заклучат во соодветната позиција и додека не
слушнете звук на закопчување.
6. Употребете ја рачката за приспособување ISOFIX (j) и туркајте го
седиштето на автомобил кон седиштето на возилото.
7. Бидете сигурни дека целата површина на наслонот за грб (b) на детското
седиште се потпира врз наслонот за грб на седиштето на возилото.
Ако потпирачот за глава на возилото претставува препрека, повлечете го
��
целосно нагоре или отстранете го (освен кај седишта во возило завртени
наназад).
8. Бидете сигурни дека седиштето е добро прицврстено, обидувајќи
се да го извлечете од точките за закотвување ISOFIX (m). Зелените
сигурносни показатели (l) мора да бидат јасно видливи на двете страни
на седиштето.
9. Ако седиштето се употребува без ISOFIX, може да се остави на долниот
дел на седиштето.
Кога користите ISOFIX, се создава врска со возилото што ја зголемува
��
безбедноста на детето. Детето сепак треба да се врзе со каишот со три
точки за фиксирање на возилото.
10. За да ја затворите Линеарната заштита од страничен удар (L.S.P.) (h)
да не е завртена кон вратата на возилото, турнете ја наназад, а потоа
турнете ја навнатре се додека не влезе во позиција. За да ја отворите
повторно Линеарната заштита од страничен удар (L.S.P.) (h), притиснете
силно во областа на L.S.P. означена со „PRESS" („ПРИТИСНИ").
Седиштето за автомобил може исто така да се употребува и без
��
активирана L.S.P ако во возилото нема доволно простор.
MK
93

Publicidad

loading