Descargar Imprimir esta página

Skil 0630 Manual Original página 129

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 44
го сечилото A или F од куќиштето на алатот.
Осигурете се дека нема нечистотија во куќиштето,
кога го менувате сечилото.
! Кога ќе се притиснат двете копчиња за
ослободување на сечилата G, сечилото A или F
ќе испадне! rв
За да го инсталирате сечилото rг
Вметнете го тесниот крај на сечилото А или F во
куќиштето на алатот. Притискајте го куќиштето на
сечилото врз куќиштето на алатот, сé додека не се
заглави со звучен клик.
Држење и насочување на алатот
! додека работите, секогаш држете го алатот за
сиво-обоената рачка E t
- заземете стабилна позиција за работа
- држете ја другата рака подалеку од сечилата
Поткастрување жива ограда y
- прво поткастрете ја живата ограда од страните (од
долу нагоре), а потоа сечете го горниот дел
- поткаструвајте ја страната на живата ограда на
таков начин што таа ќе биде делумно потесна горе
- користете рачна пила или ножици за кастрење за
отсекување на подебелите гранки
Поткастрување трева и грмушки u
- кога сечете долга трева, работете етапно одозгора
и правете мали резови
- за најдобри резултати сечете само сува трева
- држете ја машината подалеку од цврсти предмети
за да ги заштитите сечилата од прекумерно абење
СОВЕТИ ЗА ПРИМЕНА
За поткастрување жива ограда со изедначена
висина
- затегнете конец долж живата ограда на саканата
висина
- поткастрете ја живата ограда токму над конецот
ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ
Овој алат не е наменет за професионална употреба
! секогаш исклучете го алатот и извадете ја
батеријата
Алатот и сечилата треба секогаш да бидат чисти
- чистете го алатот со влажна крпа (не користете
средства за чистење или растворувачи)
- по употребата, секогаш внимателно исчистете и
малку подмачкајте ги сечилата
! носете ракавици кога ракувате со сечилата или
кога ги чистите
Редовно проверувајте ја состојбата на сечилата и
затегнатоста на навртките на сечилото
Редовно проверувајте дали деловите се оштетени
или изабени и поправете/заменете ги ако е
неопходно
Острење на сечилата
- отстранете ги сечилата за сечење од алатот пред
острење
- острете ги сечилата со мала и мазна турпија, во
случај да се оштетени од некој остар предмет
- сепак, ви препорачуваме некое обучено лице да го
изврши острењето на сечилата
- подмачкајте ги сечилата по острењето
Чување i
- Чувајте го алатот во затворен простор на суво и
затворено место, подалеку од дофат на деца
- внимателно поставете ја шината за складирање на
ѕид со 2 шрафа (не се доставуваат) и израмнете ја
хоризонтално
- ставете ја навлаката за сечилото В, (2) кога го
складирате алатот
- подмачкајте ги сечилата пред да го одложите
алатот
Доколку алатот и покрај внимателното работење и
контрола некогаш откаже, поправката мора да ја
изврши некој овластен SKIL сервис за електрични
алати
- испратете го алатот нерасклопен, заедно со
сметкопотврдата, до вашиот продавач или
најблискиот овластен SKIL сервис (адресите и
сервисниот дијаграм за алатот се наведени на
www.skil.com)
Имајте предвид дека оштетувањето настанато
заради преоптоварување или неправилно ракување
со алатот не е опфатено со гаранцијата (видете на
www.skil.com или прашајте го продавачот за условите
на гаранцијата на SKIL)
РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ
Следниот список ги прикажува симптомите на
проблемите, можните причини и корективните
дејства (ако тие не го идентификуваат и поправат
проблемот, контактирајте ги вашиот продавач или
сервисна станица)
Машината работи со прекини

- оштетување на внатрешното поврзување ->
контактирајте го продавачот/сервисерот
- оштетување на прекинувачот за вклучување/
исклучување -> контактирајте го продавачот/
сервисерот
Моторот работи но сечилата не се движат

- внатрешен дефект -> контактирајте го продавачот/
сервисерот
Сечилата се врели

- сечилата се тапи -> наострете ги
- сечилата имаат запци -> проверете ги сечилата
- има преголемо триење заради недостаток на
подмачкувач -> подмачкајте ги сечилата
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Не фрлајте ги електричните алати, батериите,
дополнителната опрема и амбалажа заедно со
домашниот отпад (само за земјите на ЕУ)
- според Европската Директива 2012/19/ЕЗ за
отфрлање на електрична и електронска опрема
и нејзина имплементација во согласност со
националните закони, електричните алати кои го
достигнале крајот на својот животен век мораат
да бидат посебно собрани и да бидат вратени во
еколошки компатибилен објект за рециклирање
- симболот 8 ќе ве потсети на тоа, кога ќе дојде
време да го отстраните
! извадете ја батеријата пред да го фрлите
алатот
БУЧАВА / ВИБРАЦИИ
129

Publicidad

loading