ВНИМАНИЕ - палењето на моторот предизвикува исто-
времено активирање на роторот.
Моторот автоматски се гаси со пуштање на рачката (1).
2.2 Регулација на длабочината на продирање
Копчето (1) дозволува регулација на позицијата на рото-
рот на разни висини, а со тоа и промена на длабочината на
продирање на запците на роторот во теренот.
Комплетната регулација се постигнува со 2 комплетни
вртења на копчето коишто се порамнуваат со едно вкупно
поместување за околу 18 мм:
– вртејќи (во правецот на стрелките на часовникот) рото-
рот се спушта,
– вртејќи (обратно од стрелките на часовникот) роторот се
подига.
ВНИМАНИЕ - регулацијата треба да се изведе кога мото-
рот е застанат, а роторот ќе мирува.
3. УПОТРЕБА НА МАШИНАТА
3.1 Подготовка на роторот
Машината се доставува со два различни ротори со запци за
да се постигне функцијата за типот на потребната работа:
– со пружина (1) за расчистување и раздувување на површи-
ната на теренот,
– со цврсти сечива (2) за протресување на теренот.
За да го извадите роторот:
– исклучете ја машината од довод на ел. енергија,
– ставете ракавици за работа и превртете ја машината,
– одвртете ги двете навртки (3) поставени од десната стра-
на на машината,
– подигнете го роторот од денста страна и извадете го ле-
вата страна,
– отстранете ја пластичната потпора (4),
За да го поставите роторот:
– ставете ја пластичната потпора (4) на лежиштето (5) кај
краевите на роторот,
– вметнете го прво левиот крај на роторот (6) во издадена-
та оска (7), внимавајќи на порамнувањето со запците (7а)
на оската,
– вметнете го десниот крај со портората (4) на свое место со
рамната страна (4б) свртена кон надвор,
– поставете и зашрафете ги докрај двете навртки (3).
3.2 Регулација на длабочината на продирање
Изберете ја длабочината на продирање во однос на потреб-
ниот тип работа и ставениот ротор, следејќи ги овие основ-
ни насоки внимавајќи при тоа роторот да биде подигнат до
крај (до крај на движењето на копчето обратно од стрелките
на часовникот):
«1» = копчето е до крај обратно од стрелките на часовникот
= Пренос (за преместување на машината со подигнат
ротор којшто не го допира теренот).
«2» = копчето е свртено за 1/2 круг во правецот на стрел-
ките на часовникот = Со ротор со пружина и вреќа за
собирање, за површинско расчистување на листови
и трева и за раздувувње на теренот при што положе-
ните материи се собираат,
«2» «3» = копчето е свртено за 1/2 круг во правецот на
стрелките на часовникот = Со ротор со цврсти
сечива и вреќа за собирање, за
протресување на теренот при што положените
материи се собираат,
«4» «5» = копчето е свртено за1 и 1/2 или 2 круга во пра-
вецот на стрелките на часовникот = Со ротор со
цврсти сечива и без вреќа за собирање, за дла-
бинско протресување на теренот при што по-
ложените материи се се оставаат на теренот.
При оптимални услови, може да ја монтирате и
вреќата и да ги соберете положените материи
бидејќи тоа не предизвикува затнување на ро-
торот.
3.3 Прикачување на вреќата
Подигнете го штитникот (1) и приврзете ја вреќата правилно
(2) како што е посочено на сликата.
3.4 Палење
Закачете го продолжниот кабел правилно како што е посо-
чено.
За вклучување на моторот, притиснете го безбедносното
копче (2) и повлечете ја рачката (1) на прекинувачот.
3.5 Раздувување и протресување на теренот
Во текот на работата, ел. кабел треба секогаш да биде зака-
чен и на веќе третираниот терен.
Најдобрите резултати се постигнуваат со две поминувања
со временско растојание од една седмица, со вкрстување
на правците.
Совети за третман на тревникот
• Со текот на времето, на теренот се формира површин-
ски слој со коров и остатоци од тревата коишто го нама-
луваат пристапот на кислородот и спречуваат продирање
на водата и хранливите состојки, но и предизвикуваат
влошување на изгледот и пожолтување на тревникот.
• Идеалниот период за раздувување и протресување на
тревникот е на есен или на пролет.
• Оптимални услови за работа се кога тревата е ниска и де-
лумно влажна, работата на многу сув или многу мокар те-
рен го отежнува собирањето на материите и може да го
оштети тревникот.
• Секогаш е потребно да се отстранат листовите од тревни-
кот пред да го раздувате и протресете теренот.
• Со површинска обработка за доставување кислород (со
намалено продирање на запците во теренот) се отстрану-
ва површинскиот закоравен слој.
• Со зголемување на степенот на продирање во теренот
(протресување) се зголемува дејството на отстранување
на слојот подлабоко на теренот и истовремено се по-
стигнува раздвојување на корените на тревата, а со нив-
но бројно зголемување, се постигнува изглед на побогат
тревник со погуста трева.
3.6 Вадење на вреќата
За вадење и празнење на вреќата:
– пуштете ја рачката на прекинувачот (1) и почекајте да се
смири сечивото,
4
површинско