Descargar Imprimir esta página

Cybex Silver SOLUTION X I-FIX Guia Del Usuario página 98

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 33
ОТСТРАНУВАЊЕ НА ДЕТСКОТО СЕДИШТЕ ОД ВОЗИЛОТО
Извршете ги чекорите за монтажа по обратен редослед.
1. Отклучете ги рачките за заклучување ISOFIX (g) на двете страни
туркајќи ги копчињата за откочување ISOFIX (i) и истовремено влечејќи
ги наназад.
2. Извлечете го седиштето од точките за закотвување ISOFIX (k).
3. Отстранете го детското седиште и складирајте го системот ISOFIX по
спротивен редослед на чекорите за монтирање.
ПРИСПОСОБЛИВ НАСЛОН ЗА ГЛАВА
Приспособливиот наслон за глава (b) помага да се спречи опасноста
главата на детето да паѓа нанапред додека спие. Може да се постави
во една од 3 позиции. Туркајте го приспособливиот наслон за глава
(b) нанапред сè додека не го поставите во саканата позиција. За да го
вратите во првичната позиција, мора да го дигнете приспособливиот
наслон за глава (b) и да го повлечете наназад.
�� Главата на детето секогаш треба да го допира приспособливиот наслон
за глава.
ПРИСПОСОБУВАЊЕ НА НАСЛОНОТ ЗА ГЛАВА
Наслонот за глава (b) може да се приспособи со помош на рачката за
приспособување на висината на наслонот за глава (c) што се наоѓа во
задниот дел на наслонот за глава (b). Постојат 11 различни позиции на
висина во кои може да се постави. Приспособете го наслонот за глава
(b) така што максималноторастојание помеѓурамениците на детето и
наслонот за глава да не биде поголемо од 2 см (приближно 2 прста) (b).
�� Висината на наслонот за глава може да се приспособи додека
седиштето се монтира во автомобилот.
MK
ВРЗУВАЊЕ НА ДЕТЕТО
1. Насочете го каишот на седиштето на возилото околу детето и внесете го
јазичето на каишот во закопчувалката. Мора да го закопчате добро и да
го слушнете карактеристичниот звук.
2. Поставете го скутниот каиш во зелените водилки на скутен каиш (e) на
детското седиште.
3. Повлечете го каишот за рамо за да го притегнете скутниот каиш.
4. На страната на седиштето за автомобил што се наоѓа до закопчувалката,
каишот за рамо и скутниот каиш мора да се внесат заедно во водилката
на скутниот каиш (e).
94
5. Влечете го каишот за рамо низ водилката на каиш за рамо (f) сè додека
не влезе во водилката на каиш.
6. Бидете сигурни дека каишот за рамо минува преку клучната коска
на детето и дека не го допира вратот на детето. Ако е потребно,
приспособете ја висината на наслонот за глава (b) за да ја измените
позицијата на каишот.
ОТСТРАНУВАЊЕ И ПОВТОРНО ПОСТАВУВАЊЕ НА НАВЛАКАТА
НА СЕДИШТЕ
Навлаката на детското седиште се состои од 3 дела. Тие се прицврстени
заедно на неколку места со дрикер-копчиња, велкро и еластични ленти.
Штом ќе ги откопчате сите, ќе може да ги отстраните поединечните делови
на навлаката.
За да ги поставите повторно навлаките на седиштето, следете ги
упатствата за отстранување по обратен редослед.
�� Навлаката може да се пере само на температура од 30 °C, на програма
за благо перење, бидејќи во спротивно може да се јави бледнеење
на материјалот на навлаката. Перете ја навлаката одделно од друга
облека и не сушете ја во машина за сушење алишта или на директна
сончева светлина!
ГАРАНЦИЈА НА ПРОИЗВОДИТЕЛОТ И РЕГУЛАТИВИ ЗА
ОТСТРАНУВАЊЕ ВО ОТПАД
CYBEX GmbH (Riedingerstr. 18, 95448 Bayreuth, Германија) за овој
производ ви дава 3 години гаранција. Гаранцијата важи во земјата во која
производот му е продаден на клиентот во малопродажба. Содржината
на гаранцијата и сите основни информации потребни за потврдување на
гаранцијата може да се најдат на нашата почетна страница
online.com/manufacturer-warranty-car-seats. Ако гаранцијата е
прикажана во описот на производот, тоа нема да влијае врз вашите
законски права кон нас во поглед на дефекти.
Почитувајте ги регулативите за отстранување во отпад во вашата земја.
go.cybex-

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

522003967522003959522003961522003963