Descargar Imprimir esta página

Panasonic WH-SDC0509L3E5 Manual De Instalación página 827

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 34
Не додавајте или не заменувајте разладно средство што не е од наведениот тип. Може да предизвикате оштетување на производот, пукнување на
цевките и повреда итн.
Не користете дополнителен кабел како кабел за поврзување на внатрената/надворешната единица. Употребете го наведениот кабел за поврзување на
внатрешната/надворешната единица, погледнете во упатството 5 ПОВРЗУВАЊЕ НА КАБЕЛОТ СО ВНАТРЕШНА ЕДИНИЦА и поврзете го цврсто за
поврзување на внатрешната/надворешната единица. Затегнете го кабелот за да не може влијанијата на надворешните сили да влијаат на терминалот.
Ако врската или фиксирањето не се изведени совршено, тоа може да предизвика загревање или пожар.
За електрични работи, следете ја националната регулатива, законодавството и овие упатства за инсталација. Мора да се користи независно коло и
единичен штекер за струја. Ако капацитетот на електричното коло не е доволен или има дефект во електриката, тоа ќе предизвика струен удар или пожар.
За работи поврзани со инсталација на водоводни кола, следете ги релевантните европски и национални прописи (вклучително EN61770) и локалните
кодови за регулација на водовод и градба.
Ангажирајте овластен дилер или специјалист за инсталација. Доколку инсталацијата извршена од страна на корисникот е неправилна, ова ќе
предизвика истекување на вода, струен удар или пожар.
Инсталирајте на цврста и тврда подлога која може да ја издржи тежината на комплетот. Ако локацијата не е доволно цврста или инсталацијата не е
извршена соодветно, апаратот може да падне и да предизвика повреди.
Строго се препорачува оваа опрема да се инсталира со уред за заштита од резидуална струја (RCD) на локацијата согласно соодветните национални
правила за ожичување или безбедносни мерки специфични за земјата во однос на резидуалната струја.
При инсталација, употребете ги доставените додатоци и наведените делови. Во спротивно, ќе дојде до паѓање на комплетот, истекување на вода,
пожар или струен удар.
Употребете ги единствено испорачаните или наведените делови за инсталација. Во спротивно, може да се предизвикаат вибрации, разлабавување,
истекување вода, струен удар или пожар.
Единицата е наменета да се користи само во затворен систем на вода. Користењето во отворен круг на вода може да предизвика преголема корозија
на цевките за вода и ризик за инкубација на бактериски колонии во водата, особено легионела.
Изберете локација каде што во случај на истекување на вода, истекувањето нема да предизвика оштетување на друг имот.
Кога инсталирате електрична опрема во дрвен објект, не смее да има никаков електричен контакт помеѓу опремата и објектот во согласност со
стандардот за електрични инсталации. Мора да се користи изолација помеѓу објектот и инсталацијата.
Каква било работа извршена врз внатрешната единица по отстранувањето на кој било од панелите што се прицврстени со шрафови, мора да се
извршува под надзор на дилер и лиценциран изведувач на инсталација.
Овој систем претставува апарат со повеќе извори на напојувања. Сите кола мора да се исклучат пред да пристапите до терминалите на единицата.
Деловите за инсталација на цевки мора да се исплакнат пред да се поврзе внатрешната единица за да се отстранат нечистотиите. Нечистотиите може
да ги оштетат компонентите на внатрешната единица.
Оваа инсталација може да биде предмет на одобрение за градежна регулатива применлива во соодветната земја при што може да биде потребно да
биде известена локалната власт пред инсталацијата.
Внимавајте бидејќи разладните средства може да немаат мирис.
Опремата мора соодветно да се заземји. Водот за заземјување не смее да биде поврзан со гасоводна цевка, водоводна цевка, громобран и
телефонска инсталација.
Во спротивно, може да предизвика струен удар доколку настане дефект на опремата или изолацијата.
Не инсталирајте ја внатрешната единица на место каде што може да дојде до истекување на запалив гас. Во случај на протекувања на гас и негово
акумулирање околу единицата, може да се предизвика пожар.
Спречете течност или пареа да навлезе во шахти или канализација бидејќи пареата е потешка од воздухот и може да формира задушувачка средина.
Не го инсталирајте овој апарат во перална или друга локација со висока влажност. Оваа состојба ќе предизвика 'рѓа и оштетување на уредот.
Внимавајте изолацијата на кабелот за напојување со струја да не доаѓа во контакт со жежок дел (на пример, цевка за вода) за да не се предизвика
дефект на изолацијата (стопување).
Не применувајте прекумерна сила врз водоводните цевки бидејќи цевките може да се оштетат. Доколку дојде до истекување на вода, тоа ќе
предизвика поплава и оштетување на други имоти.
Изберете локација на изолација која е лесна за одржување.
Неправилната инсталација, сервисирање или поправка на оваа внатрешна единица да го зголеми ризикот од пукање и повреда може да резултира
со повреда и/или загуба или оштетување на имот.
Изведете ги цевките за дренажа како што е наведено во упатствата за инсталација. Доколку дренажата не е соодветно изведена, водата може да
навлезе во просторијата и да го оштети мебелот.
Поврзување за напојување со струја на внатрешната единица.
• Изворот за напојување со струја треба да биде на лесно достапно место заради исклучување на струјата во итни случаи.
• Мора да се следи локалниот национален стандард за ожичување, регулативата и ова упатство за инсталација.
• Строго се препорачува да се воспостави трајно поврзување со прекинувач.
8 За внатрешна единица WH-SDC0509L3E5:
- Напојување 1: Употребете одобрен 2-полен прекинувач од 25 A со минимално растојание помеѓу контактите од 3,0 mm.
- Напојување 2: Употребете одобрен 2-полен прекинувач од 15/16 A со минимално растојание помеѓу контактите од 3,0 mm.
8 За внатрешна единица WH-SDC0509L6E5:
- Напојување 1: Употребете одобрен 2-полен прекинувач од 25 A со минимално растојание помеѓу контактите од 3,0 mm.
- Напојување 2: Употребете одобрен 2-полен прекинувач од 30 A со минимално растојание помеѓу контактите од 3,0 mm.
Погрижете се да има правилен поларитет низ сите жици. Во спротивно, може да се предизвика струен удар или пожар.
По инсталацијата, проверете ја состојбата на истекување вода во областа на поврзување за време на тестирањето. Доколку дојде до истекување, ова
ќе предизвика оштетување на други имоти.
Работа на инсталацијата.
Може да се потребни двајца или повеќе лица за да се изврши инсталацијата. Тежината на внатрешната единица може да предизвика повреда
доколку ја носи едно лице.
2
ПРЕТПАЗЛИВО

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

Wh-sdc0509l6e5