Ракување
Комбинирање на тајмерот
Двата тајмера може истовремено да се поставуваат. Секој тајмер
може да се испрограмира да се активира пред другиот.
▶ Поставете го тајмерот за вклучување и исклучување на уредот.
Поставките автоматски се комбинираат.
Актуелно време
Поставки за тајмерот за вклучување 4,0 часа
Поставки за тајмерот за
исклучување
Време на вклучување
Време на исклучување
Таб. 7
Пример
Не може да се испрограмира тајмерот за вклучување и исклучување
за уредот да работи со различни температури или други поставки.
Други функции
3.8
Поставување функција за дување во повеќе насоки
3.8.1
HAПOMEHA
Кога перката за насочување на воздухот се задржува во најдолната
позиција подолг временски период за време на ладењето, може да
се појави кондензација. Рачното приспособување на перката за
насочување на воздухот може да предизвика дефект.
▶ Употребувајте го само далечинскиот управувач за да ја
приспособите перката за насочување на воздухот.
Автоматско вертикално движење на перката (нагоре/надолу)
▶ Притискајте го копчето Swing додека не се покаже симболот
▶ За да заврши автоматското вертикално движење на перките:
повторно притиснете го копчето Swing.
Позиција на чистење
За поедноставно чистење, можете да ја наместите перката за
насочување на воздухот во посебна позиција (зависно од моделот).
▶ Кога уредот е исклучен, држете ги притиснати истовремено
копчињата Mode и Swing во траење од една секунда.
▶ За да ја смените позицијата на чистење: повторно држете ги
двете копчиња притиснати.
Вклучување на индикаторот и алармот (Mute Mode)
3.8.2
▶ За да го вклучите или исклучите дисплејот на внатрешната
единица и алармот: притиснете го копчето LED.
▶ За да се прикаже актуелната собна температура: држете го
копчето LED притиснато 5 секунди.
▶ За да се прикаже поставената температура: држете го копчето
LED притиснато уште 5 секунди.
Брзо ладење/загревање
3.8.3
При брзото ладење/загревање, внатрешната единица работи со
максимална моќност за просторијата да може брзо да се загрее или
излади.
▶ Брзо ладење: вклучете го ладењето и притиснете на копчето
Turbo.
▶ Брзо загревање: вклучете го греењето и притиснете на копчето
Turbo.
Запирање на функцијата:
▶ Повторно притиснете го копчето Turbo.
110
13:00 час
8,5 часа
17:00 час
21:30 час
.
Индиректно дување на воздухот (Wind avoid me)
3.8.4
▶ За да се активира индиректниот проток на воздух: притиснете го
копчето
.
Со оваа функција се спречува директно дување на воздухот кон
луѓе.
Функцијата е достапна само во режимот за ладење, одвлажнување и
вентилатор.
Заклучување на копчињата
3.8.5
Со ова копчињата на далечинскиот управувач се заклучени.
▶ За да ги отклучите/заклучите копчињата: држете ги копчињата
Clean и Turbo истовремено во траење од 5 секунди.
Кога копчињата се заклучени, на екранот се прикажува симболот
.
Напредни функции за работата
3.8.6
▶ Притиснете го копчето Set.
▶ Изберете ја функцијата со копчето Set или копчињата ., /.
= функција "Следи ме"
–
= функција за безжична контрола
–
▶ Потврдете го изборот со копчето OK.
Запирање на функцијата:
▶ Повторете ги чекорите горе.
Функција "Следи ме" (Follow Me)
Оваа функција го активира далечинскиот управувач таму каде што
тој се наоѓа моментално за да ја мери температурата во интервали од
3 минути. Внатрешната единица ќе работи само според тие
измерени вредности.
Функцијата е достапна само во режимот за ладење, греење и
автоматска работа.
Функцијата "Следи ме" е достапна само за CL5000iU 4CC 35 E и
CL5000iU 4CC 53 E. За други модели, таа не е достапна.
Функција за безжична контрола
Оваа функција служи за воспоставување на врска преку WLAN.
За поврзување со WLAN потребен е вграден IP-Gateway
(незадолжителна опрема).
Climate 5000i M – 6721849824 (2022/04)