Заштита на животната средина и исфрлање во
6
отпад
Заштитата на животната средина е корпоративен принцип на
групацијата Bosch.
Квалитетот на производите, економичноста и заштитата на
животната средина се од еднаква важност за нас. Строго се
придржуваме до законите и прописите за заштитата на животната
средина.
За да ја заштитиме животната средина, ги користиме најдобрата
можна технологија и материјали, земајќи ги предвид економските
аспекти.
Пакување
Кога се работи за пакувањето и амбалажата, вклучени сме во
националните системи за рециклирање со цел да се загарантира
оптимално рециклирање.
Сите употребени материјали за пакувањето се поволни во однос на
животната средина и може да се рециклираат.
Стар уред
Старите уреди содржат вредни материјали коишто може да се
пренаменат.
Лесно се расклопуваат компонентите. Пластиката е означена. Така
можете да ги сортирате и рециклирате или исфрлите различните
компоненти.
Електрични и електронски стари уреди
Овој симбол значи дека производот не смее да се
исфрла во отпад со обичниот отпад од домаќинството,
туку мора да се однесе во соодветен центар за
рециклажа каде што ќе се истретира, рециклира и
исфрли.
Симболот важи за земјите со прописи за електронски отпаден
материјал, на пример, европската регулатива 2012/19/EG за
електронски и електрични стари уреди. Таквите прописи ги
дефинираат општите услови што се однесуваат на враќањето и
рециклирањето на електронските стари уреди што се на сила во
поединечните земји.
Со оглед дека електронските уреди содржат опасни супстанци, мора
да се рециклираат за да се минимизираат можните ризици по
животната околина и човековото здравје. Освен тоа,
рециклирањето на електронските отпадни материјали помага да се
зачуваат производните ресурси.
За повеќе информации околу еколошкиот начин на исфрлање на
електрични и електронски стари уреди, обратете се кај локалните
надлежни власти, во комуналното претпријатие или таму каде што
сте го купиле производот.
Повеќе информации ќе пронајдете овде:
www.bosch-homecomfortgroup.com/en/company/legal-topics/weee/
Батерии
Батериите не смее да се исфрлаат со отпадот од домаќинството.
Употребените батерии мора да се однесат во локален центар за
собирање таков отпад.
Разладно средство R32
Уредот содржи флуориран гас со ефект на стаклена
градина R32 (потенцијал на глобално затоплување од
1)
) со слаба запаливост и ниска токсичност (A2L или
675
A2).
Содржената количина е наведена на фабричката
табличка на надворешниот уред.
1) поради Прилог 1 од Директивата (ЕУ) бр. 517/2014 на Европскиот
парламент и на советот од 16. април 2014 година.
Climate 5000i M – 6721849824 (2022/04)
Заштита на животната средина и исфрлање во отпад
Разладните средства се опасност за животната средина и мора да се
соберат и исфрлат на посебен начин.
Напомени за заштита на податоците
7
Ние, Bosch Thermotechnology Ltd., Cotswold
Way, Warndon, Worcester WR4 9SW, United
Kingdom обработуваме информации за производи
и инсталација, технички податоци и податоци за
поврзување, податоци за комуникација,
регистрирање производи и податоци за историја на
клиенти за да овозможиме функционалност на производите (чл. 6
(1) став 1 (b) од GDPR/UK GDPR), за да ја исполниме обврската за
надгледување и безбедност на производите и од безбедносни
причини (чл. 6 (1) став 1 (f) од GDPR/UK GDPR), за да ги одбраниме
нашите права во поврзаност со гаранцијата и прашања за
регистрирање на производот (чл. 6 (1) став 1 (f) од GDPR/UK GDPR)
и за да ја анализираме дистрибуцијата на нашите производи и за да
овозможиме индивидуализирани информации и понуди поврзани
со производот (чл. 6 (1) став 1 (f) од GDPR/UK GDPR). За да
овозможиме услуги, како продажба и маркетинг, управување со
договори, постапување со плаќања, програмирање, хостирање
податоци и услуги за дежурна линија, може да овластиме и
префрлиме податоци до надворешни даватели на услуги и/или
подружници на Bosch. Во одредени случаи, но само ако е
загарантирана соодветна заштита на податоците, може да ги
пренесеме личните податоци на приматели што се наоѓаат надвор од
Европската економска област и Обединетото Кралство.
Дополнителни информации се достапни на барање. Можете да го
контактирате нашиот службеник за заштита на податоците: Data
Protection Officer, Information Security and Privacy (C/ISP), Robert
Bosch GmbH, Postfach 30 02 20, 70442 Stuttgart, ГЕРМАНИЈА.
Имате право да поднесете приговор кога било за обработката на
вашите лични податоци врз основа поврзана со вашата специфична
ситуација или каде што личните податоци се обработуваат за
директни маркетиншки цели врз основа на чл. 6 (1) став 1 (f) од
GDPR/UK GDPR. За да ги искористите вашите права, исконтактирајте
нѐ преку privacy.ttgb@bosch.com За да најдете дополнителни
информации, искористете го QR-кодот.
113