Опис На Производот И Перформансите; Илустрација На Компоненти - Bosch GIM 60 L Professional Manual De Instrucciones

Ocultar thumbs Ver también para GIM 60 L Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 35
182 | Македонски
Мерниот уред се испорачува со ознака за
u
предупредување за ласерот (означено на приказот на
мерниот уред на графичката страна).
Доколку текстот на ознаката за предупредување за
u
ласерот не е на Вашиот јазик, врз него залепете ја
налепницата на Вашиот јазик пред првата употреба.
Не го насочувајте ласерскиот зрак кон лица
или животни и немојте и Вие самите да
гледате во директниот или рефлектирачкиот
ласерски зрак. Така може да ги заслепите
лицата, да предизвикате несреќи или да ги
оштетите очите.
Доколку ласерскиот зрак доспее до очите, веднаш
u
треба да ги затворите и да ја тргнете главата од
ласерскиот зрак.
Не правете промени на ласерскиот уред.
u
Не ги користете ласерските заштитни очила како
u
заштитни очила. Ласерските заштитни очила служат за
подобро распознавање на ласерскиот зрак; сепак, тие не
штитат од ласерското зрачење.
Не ги користете ласерските заштитни очила како очила
u
за сонце или пак во сообраќајот. Ласерските заштитни
очила не даваат целосна UV-заштита и го намалуваат
препознавањето на бои.
Мерниот уред смее да се поправа само од страна на
u
квалификуван стручен персонал и само со оригинални
резервни делови. Само на тој начин ќе бидете сигурни во
безбедноста на мерниот уред.
Не ги оставајте децата да го користат ласерскиот
u
мерен уред без надзор. Без надзор, тие може да
заслепат други лица.
Не работете со мерниот уред во околина каде постои
u
опасност од експлозија, каде има запаливи течности,
гас или прашина. Мерниот уред создава искри, кои може
да ја запалат правта или пареата.
Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор и
u
исклучете го по употребата. Другите лица може да се
заслепат од ласерскиот зрак.
Не го принесувајте магнетот во близина на
импланти или други медицински уреди, на
пр. пејсмејкери или инсулинска пумпа.
Магнетот создава поле, кое може да ја наруши
функцијата на имплантите или медицинските
уреди.
Држете го мерниот уред подалеку од магнетни носачи
u
на податоци и уреди чувствителни на магнет. Поради
влијанието на магнетот може да дојде до неповратно
губење на податоците.
Опис на производот и
перформансите
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Употреба со соодветна намена
Мерниот уред е наменет за прецизно мерење и пренесување
на косини.
Мерниот уред е погоден за користење во внатрешен и
надворешен простор.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на мерниот уред на графичката страница.
(1) Либела за хоризонтално израмнување
(2) Капак на преградата за батерии
(3) Копче за извлекување на ногарката за нивелирање
(4) Шраф за подесување на ногарката за нивелирање
(5) Прекинувач за вовлекување на ногарката за
нивелирање
(6) Фиксирање на капакот од преградата за батерии
(7) Екран
(8) Либела за вертикално израмнување
(9) Излезен отвор за ласерскиот зрак
(10) Магнет
(11) Прифат на стативот 1/4"
(12) Ногарка за нивелирање
(13) Ногарка за стоење
1 609 92A 58J | (29.11.2019)
Bosch Power Tools

Hide quick links:

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido