За работење без механика на нивелирање, повторно
вовлечете ги ногарката за стоење (13) и ногарката за
нивелирање (12). За тоа, притиснете ги заедно двата дела на
ногарката за стоење (➀) и турнете ја ногарката за
стоење (13) во мерниот уред (➁), додека не се вклопи. За
вовлекување на ногарката за нивелирање (12) притиснете
го прекинувачот (5) на страна.
Прицврстување на статив:
Мерниот уред со 1/4"-прифат на статив (11) поставете го на
плоча со брзо ослободување на стативот или на вообичаен
фото-статив. Цврсто зашрафете го мерниот уред со шраф за
фиксирање на брзо заменливата плоча.
Прицврстување со магнети:
Поставете го мерниот уред со магнетите (10) на доволно
магнетизиран дел.
Проверете дали мерниот уред е сигурно прицврстен.
u
Недоволно прицврстените мерни уреди може да испаднат
или да Ве повредат Вас или други луѓе. При пад, мерниот
уред може да се оштети или да предизвика оштетувања.
Прицврстување со држачите (види слика C):
Извлечете ги ремените за држење (24) низ водилките на
ременот (25) и прицврстете го мерниот уред со двата
ремени на цевки или слично. Внимавајте на тоа, велкро
лепенката на крајот од ременот да биде притисната на
ременот за држење. При тенки цевки, ременот за држење
провлечете го низ водилките за ременот со мазната страна
нанадвор, и завиткајте го уште еднаш околу мерниот уред
како што е прикажано на сликата, кај дебели цевки,
провлечете го ременот за држење низ водилките за ременот
со мазната страна навнатре.
Секогаш обезбедувајте го мерниот уред со двата
u
ремени за држење и проверете ги истите дали се
стабилно прицврстени. Силата на држење на ременот
зависи од составот на материјалот на којшто се
прицврстува ременот. Лабаво прицврстените мерни
уреди може да паднат и да се оштетат или да предизвикаат
оштетувања.
Не им дозволувајте на децата да ги користат ремените
u
за држење без надзор. Може да се повредите со
ремените за држење.
Вклучување/исклучување
Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор и
u
исклучете го по употребата. Другите лица може да се
заслепат од ласерскиот зрак.
За вклучување одн. исклучување на мерниот уред
притиснете на копчето за вклучување/исклучување (19).
Доколку за 30 min не се притисне некое копче на мерниот
уред или косината на мерниот уред не се промени за повеќе
од 1,5°, тогаш мерењето на косини и екранот автоматски се
исклучуваат заради одржување на батеријата.
Вклучување/исклучување на ласерот
За вклучување на ласерските зраци притиснете го копчето
за вклучување/исклучување на ласерот (16).
Не го насочувајте зракот светлина кон лица или
u
животни и не погледнувајте директно во него, дури ни
од голема оддалеченост.
За исклучување на ласерските зраци одново притиснете го
копчето за вклучување/исклучување на ласерот (16).
Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор и
u
исклучете го по употребата. Другите лица може да се
заслепат од ласерскиот зрак.
Доколку не го користите ласерот, исклучете го, за да
заштедите енергија.
Замена на мерна единица (види слика A)
Во секое време можете да смените помеѓу мерните единици
„°", „%" и „mm/m". За тоа, притискајте го копчето за промена
на мерните единици (20) додека не се појави саканата мерна
единица на приказот (c) одн. (f). Актуелната измерена
вредност (d) автоматски ќе се пресмета.
При исклучување и вклучување на мерниот уред, поставката
на мерната единица останува зачувана.
Bosch Power Tools
Македонски | 185
1 609 92A 58J | (29.11.2019)