Функција за предупредување за удар
Мерниот уред има функција за предупредување за удар,
која при промени на положбата одн. потреси на мерниот
удар или при вибрации на подлогата го спречува
нивелирањето на променетата висина и со тоа и грешките во
висина.
По вклучување на мерниот уред, функцијата за
предупредување за удар останува вклучена, а приказот за
предупредување за удар 7 свети зелено.
Предупредувањето за удар ќе се активира околу 30 с. по
вклучувањето на мерниот уред одн. по вклучување на
функцијата за предупредување за удар.
Доколку при промена на положбата на мерниот уред се
пречекори полето на точност на нивелирањето или се
регистрира јак потрес, се активира предупредувањето за
удар: Ротацијата запира, ласерот трепка, и приказот за
предупредување за удар 7 трепка црвено. Актуелниот начин
на работа ќе се зачува.
– При активирано предупредување за удар, притиснете
кратко на копчето за предупредување за удар 8.
Функцијата за предупредување за удар одново ќе се
стартува и мерниот уред започнува со нивелирање.
Штом ќе се изнивелира мерниот уред (приказот за
нивелирање 3 свети непрекинато зелено), тој стартува во
зачуваниот начин на работа. Сега проверете ја висината
на ласерскиот зрак на референтна точка и коригирајте ја
висината соодветно.
Доколку при активирано предупредување за удар
функцијата не стартува одново со притискање на копчето 8,
по 2 мин. автоматски се гаси ласерот и по 2 ч мерниот уред.
– За исклучување на функцијата за предупредување за
удар, притиснете го копчето за предупредување за удар
8 еднаш, одн. при активирано предупредување за удар
(приказ за предупредување на удар 7 трепка црвено) два
пати. При исклучено предупредување за удар, приказот
за предупредување за удар 7се гаси.
– За вклучување на предупредувањето за удар,
притиснете го копчето предупредување за удар 8.
Приказот за предупредување за удар 7 свети зелено, и по
30 с. се активира предупредувањето за удар.
Проверка на точност на мерниот уред
Влијанија на точноста
Најголемо влијание врши околната температура. Особено
температурните разлики кои се движат од подот нагоре
може да го пренасочат ласерскиот зрак.
Отстапувањата од околу 20 м мерна линија се земаат како
важни и можат при 100 м апсолутно да изнесуваат
двократно или четирикратно од отстапувањето при 20 м.
Бидејќи температурните разлики се најголеми во близина на
подот, мерниот уред треба да се монтира секогаш на статив
почнувајќи од мерната линија од 20 м. Доколку е возможно,
поставувајте го мерниот уред во средината на работната
површина.
800.544.2843
2 609 141 178 • 2.4.14
www.calcert.com
15
10
20
5
25
0
30
Контрола на точноста при нивелирање
Освен надворешните влијанија, до отстапување може да
доведат и влијанијата специфични за уредот (како на.пр.
падови или јак потрес). Поради тоа, пред секоја употреба
проверувајте ја точноста на уредот.
За контрола, потребна Ви е слободна мерна линија од 20 м
на цврста подлога помеѓу два ѕида A и B. Вие мора да
извршите наизменично мерење преку двете оски X и Y
(секогаш позитивно или негативно) (4 комплетни мерни
постапки).
– Монтирајте го мерниот уред во хоризонтална положба во
близина на ѕидот A на еден статив 25 (опрема) или
поставете го на цврста, рамна подлога. Вклучете го
мерниот уред.
A
20 m
– По завршување на нивелирањето, означете ја средината
на ласерскиот зрак на ѕидот A (точка I).
A
180°
– Свртете го мерниот уред за 180°, оставете го да се
нивелира и означете ја средината на ласерскиот зрак на
спротивниот ѕид B (точка II).
– Поставете го мерниот уред – без да го вртите – во
близина на ѕидот B, вклучете го и оставете го да се
нивелира.
A
– Поставете го мерниот уред по висина (со помош на
стативот или евентуално со подлогата), така што
средината на точката на ласерскиот зрак точно ќе ја
погоди претходно означената точка II на ѕидот B.
B
B
B
Македонски | 369
sales@calcert.co