Линиски режим (RL25HV)
(10°/25°/50°)
– За префрлање во линиски режим притиснете на копчето
за линиски режим 5. Мерниот уред стартува со најмал
агол на отворање.
– За промена на аголот на отворање притиснете на копчето
за линиски режим 5. Аголот на отворање се зголемува во
два степени. Со одново притискање на копчето 5 се
враќате на линиски режим со најмалиот агол на
отворање.
Напомена: Поради инерција, ласерот осцилирајќи може да
излезе преки крајните точки на ласерската линија.
Вртење на ласерската точка/ласерската линија односно
ротационата рамнина (RL25HV)
Со вклучена автоматика за нивелирање (приказот 11 свети
зелено) може да ја свртите ласерската точка одн.
ласерската линија 360° во рамки на ротационата рамнина
по чекори, независно од хоризонталната или вертикалната
положба на мерниот уред.
– За вртење на ротационата рамнина во правец на
стрелките на часовникот притиснете го копчето 10, а за
вртење во правец спротивен на стрелките на часовникот
притиснете на копчето 9. Со подолго притискање на
копчињата се забрзува движењето на ротациската глава
во саканиот правец.
Израмнување на ротационата рамнина во вертикална
положба (RL25HV)
Во вертикална положба на мерниот уред, може да ги свртите
ласерската точка, ласерската линија или ротационата
рамнина околу вертикалната оска Y за едноставно
доведување во линија или паралелно израмнување.
– Притиснете го копчето за режим на косина со една оска
12, приказот 11 трепка во бавен такт. За вртење на
ротационата рамнина во правец на стрелките на
часовникот притиснете го копчето 10, а за вртење во
правец спротивен на стрелките на часовникот
притиснете на копчето 9. Со подолго притискање на
копчињата се забрзува движењето на ротациската глава
во саканиот правец.
Вртењето е можно во рамки на подрачје од ±8 %.
Автоматика за нивелирање
RL25H
По вклучувањето, мерниот уред автоматски ја проверува
хоризонталната положба и ги израмнува нерамнините во
полето на самонивелирање од околу 8 % (5°) .
Доколку по вклучувањето или по промена на положбата,
мерниот уред стои повеќе од 8 % косо, нивелирањето не е
повеќе можно. Во овој случај роторот стопира, ласерот
трепка, приказите за автоматика на нивелирање 3 и режим
на косина со една оска 11 трепкаат наизменично зелено.
Доколку во овој случај мерниот уред се исклучи, одново
израмнете го и повторно вклучете го. Без одново
позиционирање, по 2 мин. ласерскиот зрак автоматски се
исклучува и по 30 мин. се исклучува и мерниот уред.
Доколку мерниот уред е изнивелиран, тој постојано ја
контролира хоризонталната положба. При промени во
368 | Македонски
800.544.2843
www.calcert.com
15
10
20
5
25
0
30
положбата, автоматски се врши нивелирање. За
избегнување на погрешни мерења, за време на процесот на
нивелирање, роторот стопира, ласерот трепка и приказот за
нивелирање 3 трепка зелено во брз такт.
RL25HV
По вклучувањето, мерниот уред самостојно ја препознава
хоризонталната одн. вертикалната положба. За менување
меѓу хоризонтална и вертикална положба, исклучете го
мерниот уред, позиционирајте го одново и повторно
вклучете го.
По вклучувањето, мерниот уред автоматски ја проверува
хоризонталната одн. вертикалната положба и ги израмнува
нерамнините во полето на самонивелирање од околу 8 % (5°).
Доколку по вклучувањето или по промена на положбата,
мерниот уред стои повеќе од 8 % косо, нивелирањето не е
повеќе можно. Во овој случај роторот стопира, ласерот
трепка, приказите за автоматика на нивелирање 3 и режим
на косина со една оска 11 трепкаат наизменично зелено.
Доколку во овој случај мерниот уред се исклучи, одново
израмнете го и повторно вклучете го. Без одново
позиционирање, по 2 мин. ласерскиот зрак автоматски се
исклучува и по 30 мин. се исклучува и мерниот уред.
Доколку мерниот уред е изнивелиран, тој постојано ја
проверува хоризонталната одн. вертикалната положба. При
промени во положбата, автоматски се врши нивелирање. За
избегнување на погрешни мерења, за време на процесот на
нивелирање, роторот стопира и приказот за нивелирање 3
трепка зелено во брз такт.
Режим на косина со една оска
При хоризонтална положба на мерниот уред оската X
автоматски се нивелира во режим на косина со една оска, а
оската Y не се нивелира. При вклучена функција за
предупредување за удар се контролира само нивелирањето
на оската X.
Ротацоната рамнина може да се сврти во рамки на подрачје
од ±8 % околу оската X. Мерниот уред може да се постави
накосо по должина на оската Y.
Промените на положбата на мерниот уред по должина
на Y-оската не се препознаваат при режимот на
косина со една оска.
Со помош на плочата со нагиб (опрема), при хоризонтална
положба мерниот уред може да се навали по должина на
оската Y под точен агол.
– За промена на режимот на косина со една оска
притиснете на копчето за режим на косина со една оска
12. За потврда трепка приказот за режим на косина со
една оска 11 во бавен такт. При вклучена функција за
предупредување за удар се контролира само оската X.
За повторно да ја вклучите автоматиката на нивелирање
за двете оски, одново притиснете на копчето 12.
Приказот за режим на косина со една оска 11
непрекинато свети.
– За вртење на ротационата рамнина околу оската X
притиснете на копчињата за правец нагоре 10 одн.
надолу 9. Правецот на вртење одговара на центрирањето
на стрелките на копчињата 10 и 9.
sales@calcert.co
2 609 141 178 • 2.4.14