mk
▪ Внимавајте на локалните регулативи во однос на
приклучувањето за струја.
▪ Придржувајте се до податоците овозможени од
локалната служба за електродистрибуција.
▪ Персоналот треба да биде информиран за тоа како
ќе се изведе електричното поврзување.
▪ Персоналот треба да биде информиран за тоа како
ќе се изведе исклучувањето на производот.
▪ Внимавајте на техничките податоци во овие упатства
за вградување и работа, како и на натписните плочки.
▪ Заземјете го производот.
▪ Внимавајте на регулативите за поврзување на
електрична приклучна постројка.
▪ Придржувајте се до прописите за електромагнетна
компатибилност кога употребувате електронски
контроли за стартување (пр. уред за меко стартување
или фреквентен конвертор). Кога е потребно, земете
предвид специјални мерки (на пр. заштита за кабел,
филтер итн.).
▪ Заменете го дефектниот кабел за поврзување.
Консултирајте се со службата за односи со
корисниците.
2.4
Уреди за надгледување
Следните уреди за надгледување мора да ги
обезбеди корисникот:
Заштитна склопка на вод
Големината и карактеристиките на прекинувачот на
заштитната склопка на вод, се одредува според
номиналната струја на поврзаниот производ.
Внимавајте на локалните прописи.
Заштитен прекинувач на мотор
За производи без приклучок, предвиден е заштитен
прекинувач на моторот! Според локалните прописи,
минималните побарувања се термален реле/
заштитен прекинувач на моторот со компензација за
температурата, диференцијален активатор и блокада
од повторно вклучување. Во случаи на чувствителна
електрична мрежа, предвидено е корисникот да
обезбеди дополнителна заштитна опрема (на пр.
реле за наднапон, поднапон или откажување на фаза
итн.).
Заштитен прекинувач за резидуална струја (RCD)
Придржувајте се до прописите на локалната служба
за електродистрибуција! Употребата на заштитен
прекинувач за резидуална струја е препорачано.
Треба да се приклучи заштитен прекинувач за
резидуална струја (RCD) во случаи кога е можно
406
Безбедност
лицата да дојдат во контакт со производот и со
протокот на течности.
2.5
Употреба со медиуми опасни по здравјето
Кога производот се употребува со медиуми опасни
по здравјето, постои опасност од бактериска
инфекција! По демонтажа, производот треба да се
исчисти и дезинфицира пред повторно да се
употребува. Раководителот мора да го осигури
следното:
▪ Следната заштитна опрема се носи при чистење на
производот:
– Затворени заштитни очила
– Маска за дишење
– Заштитни ракавици
▪ Сите лица се информирани за медиумот,
опасностите што произлегуваат од него и како да
ракуваат со него правилно!
2.6
Транспорт
▪ Мора да се носи следната заштитна опрема:
– Заштитни чевли
– Шлем (кога се подига материјалот)
▪ Секогаш држете го за рачката за носење кога го
транспортирате производот. Никогаш не влечете го
за водот за снабдување со струја!
▪ Треба да се употребува само законски пропишана и
одобрена опрема за подигнување.
▪ Опремата за подигнување треба да се избере на
основа на условите на располагање (времето, точката
на подигнување, товарот итн.).
▪ Секогаш прицврстувајте ја опремата за подигнување
на производот за точките на подигнување
предвидени за тоа (рачка или окно).
▪ Треба да биде загарантирана стабилноста на
опремата за подигнување додека се употребува.
▪ Кога се употребува опремата за подигнување, мора
да биде присутно и второ лице коешто ќе
координира кога е потребно (пр. попречен поглед).
▪ Не е дозволено задржување под товар што виси. Не
пренесувајте го товарот над работниот простор кога
во него има луѓе.
2.7
Монтажа/демонтажа
▪ Носете ја следната заштитна опрема:
– Заштитни чевли
– Безбедносни ракавици за заштита од исекотини
– Шлем (кога се подига материјалот)
▪ Придржувајте се до важечките закони и прописи за
работна безбедност и за спречување несреќи.
WILO SE 2019-02