Сервисирање; Лична Квалификација; Обврската На Раководителот - Wilo -Rexa FIT Instrucciones De Instalación Y Funcionamiento

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 84
mk
8.4.3
Чистење и дезинфицирање
ОПАСНОСТ
Ризик од медиуми опасни по живот!
Кога пумпата се употребувала со медиуми опасни
по здравјето, постои ризик по животот!
Деконтаминирајте ја пумпата пред да продолжите
да ја користите! Носете ја следната заштитна
опрема кога ја чистите:
• затворени заштитни очила
• Маска за дишење
• Заштитни ракавици
⇒ Дадената опрема е минимален услов, затоа
внимавајте на податоците за работните
правила! Раководителот мора да се осигури
дека персоналот се придржува и ги разбира
работните правила!
Пумпата е демонтирана.
Загадената вода за чистење треба да се испушти во
канал за отпадна вода согласно локалните прописи.
На располагање имате средства за дезинфекција
доколку пумпата е контаминирана.
1. Опремата за подигнување се прикачува за точката на
подигнување на пумпата.
2. Подигнете ја пумпата на околу 30 cm (10 in) над
подот.
3. Испрскајте ја пумпата со чиста вода од горе кон
надолу. НАПОМЕНА! Употребете соодветно
средство за дезинфекција доколку пумпата е
контаминирана! Строго следете ги податоците за
употреба од производителот!
4. За да го исчистите работното коло и внатрешноста на
пумпата, млазот вода треба да поминува преку
притисочната наставка.
5. Испуштете ги нечистотиите на подото и во каналот.
6. Оставете пумпата да се исуши.
424
Сервисирање
9
Сервисирање
ОПАСНОСТ
Ризик од медиуми опасни по живот!
Кога пумпата се употребува со медиуми опасни по
животот, треба да се деконтаминира по
демонтажа со се сите нејзини делови! Постои
опасност по животот! Внимавајте на податоците
за работните правила! Раководителот мора да се
осигури дека персоналот се придржува и ги
разбира работните правила!
НАПОМЕНА
Употребувајте само технички беспрекорна
опрема за подигнување!
Употребувајте само технички беспрекорна опрема
за подигнување и спуштање на пумпата. Осигурете
се дека пумпата нема да се заглави за време на
подигнувањето и спуштањето. Не пречекорувајте
ја максимално дозволената носивост на опремата
за подигнување! Проверете ја опремата за
подигнување дали функционира беспрекорно!
▪ Одржувањето секогаш треба да се прави на чисто
место со добра проветреност. Пумпата мора да биде
безбедно поставена и обезбедена.
▪ Треба да се врши само одржување како што е
опишано во овие упатства за вградување и работа.
▪ Носете ја следната заштитна опрема додека вршите
одржување:
– Заштитни очила
– Заштитни чевли
– Заштитни ракавици
9.1
Лична квалификација
▪ Работа со електриката: На електриката мора да
работи само стручен електричар.
▪ Одржување: Стручното лице мора да е запознаено со
работните материјали и како да ги фрли во отпад.
Освен тоа, стручното лице мора да има основни
познавања од дизајнот на машината.
9.2
Обврската на раководителот
▪ Обезбедете и уверете се дека секој има заштитна
опрема на располагање којашто треба да ја носи
персоналот.
▪ Соберете го работниот материјал во соодветен сад и
фрлете го прописно.
▪ Прописно фрлете ја употребената заштитна облека.
WILO SE 2019-02

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido