Milwaukee CS 85 CBE Manual Original página 118

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 39
Причини и начин на спречување на повратен ефект.
повратниот ефект е ненадејна реакција при откршување,
свиткување или изместување на сечилото, и предизвикува
неконтролираното сечило од пилата да се крене и да излезе од
обработуваното парче кон оној кој работи.
кога сечилото е откршено или цврсто завиткано од
...затворањето, запците на сечилото и реакцијата на моторот ја
турка брзо назад кон оној кој работи со неа.
доколку сечилото се извитка или се измести во сечењето,
забецот на надворешниот раб на сечилото може да се зарие во
горната површина на дрвото правејќи сечилото да излезе од
лежиште и да скокне кон оној кој работи.
Повратниот ефект е резултат на неправилна употреба на
пилата и/или некоректни работни процедури или услови
и може да биде избегнат со превземање на соодветни
претпазливи постапки наведени подолу.
a) Држете цврсто со двете раце кои се поставени да
пружат отпор при повратен удар. Поставете го вашето
тело од било која страна на сечилото, но не во негова
линија. Повратниот удар може да предизвика пилата да
потскокне наназад, но јачината на повратниот удар може
да биде контролирана од операторот доколку се преземени
соодветни мерки на претпазливост.
b) Кога сечилото се свиткало, или прекин на сечењето
од било која причина, ослободете го прекинувачот и
држете го ножот во материјалот без да делувате, се
додека не дојде до потполно запирање на сечилото.
Никогаш не се обидувајте да ја тргнете пилата или да
ја повлечете наназед додека сечилото се движи или
може да се појави повратен удар.Испитајте ги и преземете
корективни чекори за да ја елиминирате причината за
свиткување на сечилото.
c) По рестартирање на пилата во обарботуваното
парче, центрирајте го сечилото на пилата во крвината
и проверете запците на пилата да не се навлезени во
материјалот. Доколку сечилото на пилата е свиткано, може да
тргне нагоре или да излезе од обработуваното парче, кога таа ќе
се стартува.
d) Потпирајте ги големите панели како би го
минимизирале ризикот од свиткување на сечилото
и повратен удар.Големите панели имаат тенденција да се
свиткаат под сопствената тежина. Мора да биде поставена
потпора под панелот од двете страни, блиску до линијата на
сечење и блиску до работ на панелот.
e) Не користете отапени или оштетени сечила.
Ненаострните или не соодветно поставените сечила создаваат
остра кривина која предизвикува интензивно триење, виткање
на сечилото и повратен удар.
f) Длабочината на сечилото и прилагодливиот
заклучувач на рачката мора да биде стегнат и
обезбеден пред да се сече. Доколку се промени
подесувањето за време на сечењето може да дојде со
свиткување иповратен удар.
g) Бидете екстремно претпазливи при рез со
забодување во постоечки ѕидови или други армирани
површини. Ако сечилото на пилата дојде во контакт со
предмети скриени под површината, може да ги блокира и да
предизвика повратен удар.
Функција на долниот заштитен поклопец
a) Провререте ја долната заштита дали е соодветно
затворена пред секоја употреба. Не работете со пилата
доколку долната заштита не се движи слободно и не се
затвора моментално. Никогаш не ја затегнувајте ниту
врзувајте долната заштита во отворена позиција. Доколку
пилата падне ненамерно, долната заштита може да се свитка.
Кренете ја долната заштита со повлекување на рачката и
осигурете се дека се движи слободно не допирајќи до сечилото
или било кој друг дел под било кој агол и длабочина на засек.
b) Проверете го функционирањето на федерот на
долната заштита. Доколку заштитата и федерот не
се отвораат соодветно, мора пред употреба да бидат
сервисирани. Долната заштита може да функционира тромо
поради оштетените делови, лепливи остатоци или насобрани
делчиња.
c) Долната заштита треба да биде рачно повлечена
само при специјални резови како ,,резови со
забодување,, или ,,сложени резови,,. Кренете ја
долната заштита со повлекување на рачката веднаш
штом сечилото влезе во материјалот, долната заштита
мора да биде отпуштена. При секое друго сечење, долната
заштита мора да работи автоматски.
d) Секогаш гледајте долната заштита да го покрива
сечилото пред пилата да ја спуштите на маса или под.
Незаштитено лизгање на сечилото ќе предизвика пилата да
тргне наназад, сечејќи се што ќе се најде на патот. Бидете
свесни за потребното време за кое сечилото престанува да
работи, по ослободувањето на прекинувачот.
CS 85 CBE: Функција на водечкиот клин
a) Употребете соодветен водечки клин на
употребуваното сечило. За да работи водечкиот клин,
водечкиот клин мора да биде погуст од телото на сечилото, но
потенок од поставените запци на сечилото.
b) Наштелувајте го водечкиот клин како што е наведено
во овој прирачник. Несоодветно растојание, поставување и
редење може да го направи водечкиот клин неефикасен при
спречување на повратен удар.
c) Секогаш употребувајте го водечкиот клин, исто така
и при „длабински засеци". При вдлабнување водечкиот
клин се притиска нагоре и по навлегувањето, при туркањето
на кружната пила, тој самостојно се амортизира во процепот
за сечење.
d) За водечкиот клин да може да работи, мора да биде
внесен во парчето кое се обработува. Водечкиот клин е
неефикасен во спречувањето на повратен удар за при кратки
резови.
e) Не работете со пилата доколку водечкиот клин
е свиткан. Дури и најмали пречки можат да го успорат
интревалот на затворање на заштитата.
Македонски
115
Mak

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Cs 85 sb

Tabla de contenido