Останати безбедносни и работни упатства
Носете штитник за уши. Влијанието на бука може да
предизвика губење на сетилото за слух.
Употребувајте заштитна опрема. При работа со машината
постојано носете заштитни очила. Се препорачува заштитна
облека како: маска за заштита од прашина, заштитни
ракавици, цврсти чевли што не се лизгаат, кацига и заштита
за уши.
Прашината која се крева при работа со овој алат може да
биде штетна по здравјето и затоа не го изложувајте го
телото. Користете систем за апсорпција на прашината и
носете соодветна заштитна маска. Одстранете ја целосно
наталожената прашина пр: со правосмукалка.
Не користете сечила кои не одговараат напропишаните
параметри дадени во овој прирачник за употреба.
Неопходно е да изберете го виде ножот кој е погоден за
материјалот се сече.
Бројот на вртежи на алатот, којшто се употребува, мора да биде
нај-малку толку висок како и бројот на вртежите на вашиот
електро-алат.
Mak
Смее да се користи само алат што одговареа на нормата
EN-847-1
Ве молиме не користете абразивни дискови-шмиргли на оваа
машина!
Не го фиксирајте прекинувачот во позиција он-вклучено кога ја
користите пилата држејжи ја со рака.
Со прилагодена брзина на движењето напред, избегнете го
прегревањето на забчаниците.
ЕЛЕКТРИЧНА КОЧНИЦА
CS 85 CBE:
При отпуштањето на прекинувачот, сечилото ќе застане во рок
од 3 секунди преку електричната кочница. Но, електричната
кочница може да дејствува и одложено. Понекогаш
електричната кочница не е делотворна. Доколку електричната
кочница не дејствува почесто, во тој случај пилата мора да
биде донесена до овластен сервис-центар на Milwaukee.
Дури по постигнување на состојба на мирување на дискот за
сечење извлечете ја пилата од обработуваниот материјал.
ГЛАВНИ ВРСКИ
Да се спои само за една фаза АС коло и само на главниот напон
наведен на плочката. Можно е исто така и поврзување на
приклучок без заземјување доколку изведбата соодветствува
на безбедност од 2 класа.
Уредите кои се користат на многу различни локации
вклучувајки и отворен простор мора да бидат поврзани за
струја преку направата за поврзување (FI, RCD, PRCD).
Вклучувањето на кабелот во струја се прави исклучиво
машината е исклучена.
Чувајте го кабелот за напојување подалеку од работната
површина. Секогаш водете го кабелот позади вас.
Пред секое користење да се провери дали уредот, приклучниот
кабел, продолжниот кабел, сигурносниот појас и утикачот
се оштетени или амортизирани. Оштетените делови да се
поправат исклучиво од страна на стручно лице.
Македонски
116
ОГРАНИЧУВАЧ НА СТАРТНАТА СТРУЈА-КОЛО
Електронското ограничување на стартната брзина го
ограничува капацитетот на електронската алатка и
овозможува функционирањето на 16-A-осигурување.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Електорнската циркуларното сечило може да сече надолжно и
триаголно прецизно во дрво.
ОДРЖУВАЊЕ
Секогаш кога преземате активности врз машината исклучете
го кабелот од струјата.
Уверете се дека алатката е исклучена од напојување пред да го
прикачите или отстраните сечилото.
Апаратот и заштитната направа очистете ја со сува крпа. Некои
средства за чистење ја оштетуваат пластиката или други
изолирани делови.
Вентилациските отвори на машината мора да бидат комплетно
отворени постојано.
Оддалечувајте редовно прашина. Внатре во пилата
оддалечувајте натрупени струготини, да се избегна ризик на
пожар
Одржувајте го апаратот чист и сув како и неизвалкан од
истечено масло и масти.
Проверете ја функцијата на заштитните хауби.
Редовно одржување и чистење обезбедува долг век и
безбедно ракување.
Доколку приклучниот вод на електричното орудие е оштетено,
ќе мора да се замени со специјално подесен вод кој што може
да се добие преку сервисната организација.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови.
Доколку некои од компонентите кои не се опишани треба
да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните
агенти на Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
Доколку е потребно можно е да биде набавен детален приказ
на алатот. Ве молиме наведете го бројот на артиклот како и
типот на машина кој е отпечатен на етикетата и порачајте ја
скицата кај локалниот застапник или директно кај: Techtronic
Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden,
Germany.