• Лицата вклучени во работење на или провалување во колото на средството за
ладење мора да имаат моментално важечки сертификат од орган за оценување
акредитиран од индустријата којшто ја овластува нивната компетентност за
безбедно ракување со средства за ладење во согласност со спецификацијата за
оценување признаена од индустријата.
• Носете соодветна лична заштитна опрема при монтирање, одржување или
сервисирање на производот.
Работен процес
• Да не го користите производот за специјални цели, како на пример чување на храна,
уметнички дела и др. Ова е потрошувачки клима уред а не прецизен систем за
ладење. Постои опасност од оштетување или загуба на имот.
• Да не го блокирате доводот или одводот на проток на воздух. Може да предизвика
дефект на производот.
• Користете мека крпа за чистење. Да не користите груби детергенти, растворувачи
или вода што прска и др. Постои опасност од пожар, струен удар или оштетување на
пластичните делови од производот.
• Да не ги допирате металните делови на производот кога го вадите филтерот. Постои
опасност од телесна повреда.
• Да не го газите или ставате нешто врз производот. Постои
опасност од телесна повреда и дефект на производот.
• Секога вметнете го добро филтерот по чистење. Чистете го филтерот секои две
недели или почесто ако е потребно. Нечист филтер ја намалува ефикасноста.
• Да не ги ставате рацете или други предмети во доводот или одводот за воздух
додека работи производот. Има остри и движечки делови што може да предизвикаат
телесна повреда.
• Внимавајте кога го отпакувате и монтирате производот. Острите рабови може да
предизвикаат повреда.
• Ако истекува гас за ладење за време на поправката, да не го допирате гасот за
ладење што истекува. Гасот за ладење може да предизвика замрзнатини (ладни
изгореници).
• Да не ја закосувате единицата кога ја отстранувате или ја демонтирате.
Кондензираната вода внатре може да плисне.
• Да не мешате воздух или гас поинаков од одреденото средство за ладење што се
користи во системот. Ако навлезе воздух во системот на средството за ладење,
доаѓа до прекумерно висок притисок, предизвикувајќи оштетување на опремата или
повреда.
• Ако истече гас за ладење за време на монтирање, веднаш проветрете го местото.
Инаку тоа може да биде штетно за вашето здравје.
• Расклопувањето на единицата, третирањето на маслото за ладење и евентуалните
делови треба да се прави во согласност со локалните и националните стандарди.
ВАЖНИ БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
(за R32)
7