Descargar Imprimir esta página

Одржување И Чување - GGP ITALY SBC 627 K Manual De Instrucciones

Desbrozadora de motor portátil manualmente

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 125
1) Не палете го моторот во затворен простор ка-
де може да се соберат опасни јаглерод моноксид-
ни гасови.
2) Работете само на дневна светлина или при до-
бро вештачко осветление.
3) Заземете цврста и стабилна позиција:
– избегнувајте кога е можно да работите на мо-
кар и лизгав терен или на терени кои се многу
нерамни или закосени и не гарантираат стабил-
ност на корисникот при работата;
– никогаш не трчајте, туку одете и обрнувајте вни-
мание на неправилноста на теренот и на прису-
ството на евентуални пречки;
– проценете ги евентуалните ризици на теренот
каде што ќе работите и преземете ги сите неоп-
ходни мерки за да обезбедите соодветна без-
бедност, особено на можни закосени, лизгави
или нестабилни терени;
– ако теренот е закосен, работете во режим
на искачување, а никогаш на спуштање или
симнување, внимавајќи секогаш објектот за
косење да се наоѓа под уредот за сечење.
4) Палете го моторот кога машината е цврсто бло-
кирана:
– запалете го моторот најмалку 3 метри оддале-
чено од местото на полнење;
– проверете дали други лица се наоѓаат одда-
лечени најмалку 15 метри од опсегот на рабо-
та или најмалку 30 метри заради можност од
разлетување на разни предмети;
– не насочувајте го придушувачот, а со тоа и из-
дувните гасови кон запаливи материи.
5) Не менувајте ги регулациите на моторот и не
користете го при режим со превисоки вртежи.
6) Не изложувајте ја машината на непотребни си-
ли и не користете мала машина за изведување
тешки работи; адекватно користење на машина-
та го намалува ризикот и го подобрува квалите-
тот на работата.
7) Контролирајте дали минималниот режим на
работа на машината дозволува движење на уре-
дот за сечење и, по забрзување моторот вратете
го веднаш на минимум.
8) Обрнете внимание да не удирате силно во
страни тела со ножевите заради можна проекција
на струготини предизвикани од движењето на но-
жевите.
9) Машината секогаш мора да биде закачена на
појасот во текот на работата.
10) Запрете го моторот:
– секојпат кога машината ја оставате без надзор;
– пред дополнување со гориво.
– при менување на локацијата на работа.
11) Запрете го моторот и исклучете го кабелот на
свеќичката:
– пред проверка, чистење или работа врз маши-
ната,
– по удар во страни предмети. Проверете дали
има евентуални оштетувања и поправете ги
пред да продолжите со работа;
– доколку машината почне да вибрира на ненор-
мален начин (веднаш побарајте ја причината за
вибрациите и однесете ја за неопходни провер-
ки во специјализиран сервис);
– кога машината не може да се користи.
ВНИМАНИЕ! Застанете го веднаш моторот
ако ножот се блокира во текот на работата.
Секогаш внимавајте на евентуален повратен
удар (контраудар) што може да се случи ако
ножот наиде на препрека (гранки, корени,
гранчиња, камења, и сл.) . Избегнувајте до-
пир на ножот со теренот. Противударот пре-
дизвикува отскокнување на ножот што тешко
се контролира и може да предизвика губење
контрола врз машината при што се нарушу-
ва безбедноста на корисникот и појава на
оштетувања на самата машина.
Г) ОДРЖУВАЊЕ И ЧУВАЊЕ
1) Сите завртки и навртки одржувајте ги соодвет-
но зацврстени за да бидете сигурни дека машина-
та е безбедна за работа. Редовното одржување е
основен предуслов за безбедност и за одржување
на правилна работа на машината.
2) Никогаш не чувајте ја машината со полн ре-
зервоар во просторија каде испарувањата може
да допрат до отворен пламен, искра или до из-
вор на топлина.
3) Оставете моторот да се излади пред да се
остави машината во која било просторија.
4) За намалување на ризикот од запалување,
чувајте ги моторот и пригушувачот во корпа и на
место и простор за складирање понастрана од
слободно гориво или остатоци од сечење, тра-
ги на прекумерни масла; не оставајте ја корпата
полна со материи кои се производ на сечење во
затворен простор.
5) Ако резервоарот треба да се испразни, исто-
то треба да се прави на отворено и кога моторот
е изладен.
6) Носете ракавици за работа за да се спречи не-
сакано изложување на сечивото.
7) Пред одлагање на машината, проверете дали
се отстранети сите клучеви или алатки што биле
користени за одржување.
8) Чувајте ја машината подалеку од дофат на деца!
Д) ТРАНСПОРТ И ДВИЖЕЊЕ
1) Секогаш кога е потребен пренос или транспорт
на машината, потребно е:
– да се исклучи моторот, да се смири уредот за
сечење и да се откачи капачето на свеќичката;
– ставете заштита на уредот за сечење;
– фатете ја машината само за држачите и насоче-
те го уредот за сечење во правец спротивен од
4

Publicidad

loading