македонски
10 Вклучување и
исклучување на
косилката за трева
10.1
Вклучување и исклучување
на ножот
10.1.1
Вклучување на ножот
► Не навалувајте ја косилката за трева.
► Ставете ја косилката за трева на рамна
површина.
► Притиснете го копчето за заклучување (1)
со десната рака и држете го притиснато.
► Со левата рака повлечете ја рачката-
прекинувач за косење (2) целосно до
рачката за држење (3) и држете ја така што
со палецот ја држите и рачката за
држење (3).
Ножот ротира.
► Отпуштете го копчето за заклучување (1).
► Држете ги рачката за држење (3) и рачката-
прекинувач за косење (2) со десната рака
така што со палецот ја опфаќате рачката за
држење (3).
10.1.2
Исклучување на ножот
► Ослободете ја рачката-
прекинувач за косење.
► Почекајте додека ножот не престане да се
врти.
► Ако ножот продолжи да ротира: Извадете го
акумулаторот и обратете се кај овластен
дистрибутер за STIHL.
Косилката за трева е дефектна.
10.2
Вклучување и исклучување
на погонскиот систем
10.2.1
Вклучување на погонскиот систем
► Ставете ја косилката за трева на рамна
површина.
► Вклучување на ножот.
778
10 Вклучување и исклучување на косилката за трева
► Повлечете ја рачката-прекинувач за
погонскиот систем (1) целосно во правец на
рачката за управување (2) и држете ја
рачката за управување (2) така што ќе ја
опфаќаат палците.
Косилка за трева ќе започне да се движи.
10.2.2
Исклучување на погонскиот систем
► Ослободете ја рачката-прекинувач на
погонскиот систем.
► Почекајте косилката за трева да застане.
► Ако косилката за трева продолжи да се
движи: Извадете го акумулаторот и
обратете се кај овластен дистрибутер за
STIHL.
Косилката за трева е дефектна.
11 Проверка на косилката и
акумулаторот
11.1
Проверка на контролите
Копче за заклучување и рачка-прекинувач за
косење
► Извадете го акумулаторот.
► Притиснете и отпуштете го копчето за
заклучување.
► Повлечете ја рачката-прекинувач за косење
целосно во правец на рачката за држење и
потоа отпуштете ја.
► Ако копчето за заклучување или рачката-
прекинувач за косење се заглавени или не
се враќаат во почетната позиција: Не
користете ја косилката за трева и обратете
се кај овластен дистрибутер за STIHL.
Копчето за заклучување или рачката-
прекинувач за косење се неисправни.
Рачка-прекинувач за погонски систем
► Извадете го акумулаторот.
► Повлечете ја рачката-прекинувач за
погонски систем целосно во правец на
рачката за држење и потоа отпуштете ја.
0478-131-9805-A