македонски
Ако номиналниот напон на плочката со
податоци изнесува 220 V до 240 V:
– Должина на кабелот до 20 m: AWG 15 /
1,5 mm²
– Должина на кабелот 20°m до 50°m: AWG
°13 / 2,5°mm²
Ако номиналниот напон на плочката со
податоци изнесува 100 V до 127 V:
– Должина на кабелот до 10 m: AWG 14 /
2,0 mm²
– Должина на кабелот 10°m до 30°m: AWG
°12 / 3,5°mm²
20.6
Температурни граници
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
■ Акумулаторот не е заштитен од сите
влијанија на животната средина. Ако
акумулаторот е изложен на одредени
влијанија на животната средина, тој може
да се запали или да експлодира. Луѓето
може да бидат сериозно повредени и може
да се предизвика материјална штета.
► Не полнете го акумулаторот под - 20 °C
или над + 50 °C.
► Не користете косилка за трева или
акумулатор под - 20 °C или над + 50 °C.
► Не чувајте ги косилката за трева или
акумулаторот под - 20 °C или над
+ 70 °C.
20.7
Препорачани температурни
опсези
За оптимални перформанси на косилката за
трева, акумулаторот и полначот, почитувајте
ги следниве температурни опсези:
– Полнење: + 5 °C до + 40 °C
– Употреба: - 10 °C до + 40 °C
– Чување: - 20 °C до + 50 °C
Ако акумулаторот се полни, се користи или се
чува надвор од препорачаните температурни
опсези, перформансите може да се намалат.
Ако акумулаторот е мокар или влажен,
оставете го да се исуши најмалку 48 часа на
температури над + 15 °C и под + 50 °C, како и
под 70% влажност на воздухот. Поголема
влажност на воздухот може да го зголеми
времето на сушење.
788
20.8
Јачина на звук и нивоа на
вибрации
RMA 248.3 T
Вредноста K за нормираното ниво на бучава
на работно место е 2 dB(A). Вредноста K за
нормираното ниво на бучава во околината е
2,2 dB(A). Вредноста K за нивото на вибрации
е 0,90 m/s².
– Нормирано ниво на бучава на работно
место L
измерено според EN IEC
pA
62841-4-3: 79 dB(A)
– Гарантирано нормирано ниво на бучава во
околината L
измерено според 2000/14/
WAd
EC / S.I. 2001/1701: 95 dB(A)
– Ниво на вибрации а
според EN IEC 62841-4-3: 1,80 m/s²
RMA 253.3 T
Вредноста K за нормираното ниво на бучава
на работно место е 2 dB(A). Вредноста K за
нормираното ниво на бучава во околината е
2,0 dB(A). Вредноста K за нивото на вибрации
е 0,90 m/s².
– Нормирано ниво на бучава на работно
место L
измерено според EN IEC
pA
62841-4-3: 79 dB(A)
– Гарантирано нормирано ниво на бучава во
околината L
измерено според 2000/14/
WAd
EC / S.I. 2001/1701: 94 dB(A)
– Ниво на вибрации а
според EN IEC 62841-4-3: 1,80 m/s²
Наведените нивоа на вибрации се измерени
со стандардизиран метод за тестирање и
може да се користат за споредба на
електрични уреди. Вистинските вредности на
вибрациите може да отстапат од наведените
вредности, во зависност од типот на
употребата на уредот. Наведените нивоа на
вибрациите може да се користат како првична
проценка на изложеност на вибрации.
Вистинската изложеност на вибрации мора да
се измери. Овде може да се земат предвид и
времињата во кои електричниот уред е
исклучен и оние во кои тој е вклучен, но
работи без оптоварување.
Информациите за усогласеност со
Директивата за насоки на работодавачите за
вибрации 2002/44/EC и S.I. 2005/1093 се
достапни на www.stihl.com/vib .
20 Технички податоци
Управувач измерен
hv
Управувач измерен
hv
0478-131-9805-A