26 Општи и специфични безбедносни упатства за производот
Истекувањето на течноста од
акумулаторот може да предизвика
иритација или изгореници на кожата.
e) Не користете оштетен или изменет
акумулатор. Оштетените или изменетите
акумулатори може да се однесуваат
непредвидливо и да резултираат со
пожар, експлозија или ризик од повреда.
Не изложувајте го акумулаторот на оган
f)
или прекумерни температури. Пожар или
температури над 130 °C (265 °F) може да
предизвикаат експлозија.
g) Следете ги сите инструкции за полнење и
никогаш не полнете го акумулаторот или
косилката на акумулатор надвор од
температурниот опсег наведен во
упатството за сопственикот.
Неправилното полнење или полнење
надвор од дозволениот температурен
опсег може да го уништи акумулаторот и
да го зголеми ризикот од пожар.
26.7
Сервис
a) Оставете ја вашата косилка на поправка
само кај квалификуван стручен персонал
и само со оригинални резервни делови.
Со ова се осигурува дека се одржува
безбедноста на косилката.
b) Никогаш не сервисирајте оштетени
акумулатори. Целото одржување на
акумулаторите треба да го врши само
производителот или овластен сервисер.
26.8
Безбедносни упатства за
косилки за трева со
акумулатор
a) Не користете ја косилката за трева при
лоши временски услови, особено при
невреме со грмотевици. Ова ја намалува
опасноста од удар на гром.
b) Темелно проверете ја работната област
за диви животни. Дивите животни може да
бидат повредени од косилката за трева
што работи.
c) Темелно прегледајте ја работната област
и отстранете ги сите камења, стапови,
жици, коски и други туѓи предмети.
Исфрлените делови може да доведат до
повреди.
d) Пред да ја користите косилката за трева,
секогаш проверувајте дали ножот за
косење и механизмот за косење не се
0478-131-9805-A
истрошени или оштетени. Истрошените
или оштетените делови го зголемуваат
ризикот од повреда.
e) Редовно проверувајте дали уредот за
собирање на трева е изабен или
истрошен. Истрошениот или оштетен
уред за собирање на трева го зголемува
ризикот од повреда.
Оставете ги заштитните прекривки на
f)
место. Заштитните прекривки мора да
бидат оперативни и правилно
прицврстени. Лабава, оштетена или
неисправна заштитна прекривка може да
доведе до повреди.
g) Чувајте ги отворите за влез на воздух без
наслаги. Блокираните доводи за воздух и
остатоците може да доведат до
прегревање или опасност од пожар.
h) Секогаш носете заштитни чевли што не се
лизгаат кога ракувате со косилката за
трева. Никогаш не работете боси или со
отворени сандали. Со тоа ќе ја намалите
опасноста од повреда на стапалото при
контакт со ротирачкиот нож за косење.
i)
Секогаш носете долги панталони кога
ракувате со косилката за трева. Голата
кожа ја зголемува веројатноста од
повреди од исфрлените делови.
Не ракувајте со косилката за трева на
j)
влажна трева. Притоа одете, никогаш не
трчајте. Со ова ја намалувате опасноста
од лизгање и паѓање, што може да доведе
до повреди.
k) Не ракувајте со косилката за трева на
претерано стрмни падини. На тој начин се
намалува ризикот од губење контрола,
лизгање и паѓање што би можело да
доведе до повреди.
Кога работите на падини; секогаш
l)
внимавајте на стабилната положба,
работете попречно на падината, никогаш
нагоре или надолу, и бидете
исклучително внимателни кога ја
менувате насоката на работа. На тој
начин се намалува ризикот од губење
контрола, лизгање и паѓање што би
можело да доведе до повреди.
m) Бидете особено внимателни кога косите
наназад или кога ја повлекувате
косилката за трева кон себе. Секогаш
внимавајте на околината. Ова ја намалува
опасноста од сопнување додека работите.
македонски
793